Интервју со Габор Чизмадија и Бенита Чизмадија, новите Сребрена Палма менаџери на Calivita

„Секогаш им помагавме на луѓето, но со Calivita навистина можеме да ги издигнеме.“

Каде започнавте и зошто Calivita?

Бенита работела во градинка речиси три децении и се обучила како воспитувачка. Габор се пробал во седум различни ракотворни занаети – од одржување до ѕидарство. Тие живеат во мал српски град каде превентивниот пристап кон здравјето не е вообичаена практика.

„Здравствените проблеми нè доведоа до Calivita. Јас имав тромбоза, а Бени се бореше со астма. Производите ни го подобрија квалитетот на живот, а покрај тоа ни го сменија начинот на размислување. Сфативме дека овој систем нуди не само здравје, туку и иднина.“ вели Габор.

Кога почувствувавте дека ова може да стане професија?

Габор: „На еден голем настан во Сегедин првпат го слушнав Џери како зборува и се препознавме во неговата приказна. На патот кон дома му реков на мојот ментор дека ќе го правам ова. Секогаш им помагав на луѓето, но со Calivita навистина можам да ги издигнам.“

Бенита: „Она што ме освои беше тоа што Calivita ја наградува твојата работа. Не е важно каде си учел или од каде доаѓаш, тукушто правиш.“

Како работите и која е Вашата тајна?

Габор: „Сè уште работиме како пред седум години кога започнавме. Секој ден држиме бизнис-презентации и многу разговараме со луѓе. Кога ќе запознаеме некој нов се обидуваме да стигнеме до цели генерации. Ако ја запознаеме бабата, цел ни е да ги запознаеме и родителите и внуците.“

Бенита: „Паралелно со воспитувањето на нашите деца, јас се грижам за задачите во позадина Пишувам е-пораки, организирам и останувам во контакт со членовите. Габи работи на првата линија, а јас обезбедувам стабилна поддршка. На тој начин се надополнуваме.“

Што научивте за луѓето и како постапувате кога велат „не“?

Габор: „Одговорот ’не‘ не се однесува на нас, туку на тој момент. Многу пати, потенцијалниот клиент се јавува по неколку години затоа што неговиот живот или здравје се промениле. Затоа велам: Чувај ја мојата визит-карта, бидејќи не знаеш кога ќе ти затреба.“

Бенита: „Видовме многу случаи каде што ситуацијата на некого се сменила, па затоа се обидуваме од време на време повторно да се поврземе со поранешните контакти. Сакаме да донесеме позитивни промени во животите на луѓето, па дури и додека патуваме градиме нови врски и покажуваме како овој бизнис може да ги движи луѓето напред.“

Кој го сочинува вашиот тим и што значи Сребрена Палма за Вас?

Бенита: „Опкружени сме со скромна заедница во нашата средина, а можностите за работа се исклучително ограничени. Нашиот тим се состои од обични луѓе и секој има своја приказна и борба. Ние им помагаме да поверуваат во себе.“

Габор: „Постигнувањето на нивото Сребрена Палма менаџер покажува дека нашиот труд се исплатил. Се чувствуваме горди, но знаеме дека оваа пресвртница е само почеток. Сакаме да ги издигнеме и нашите партнери на ова ниво и ќе ја поддржиме нивната успешност.“

Кое е Вашата порака до Calivita партнерите?

Габор: „Прво, склучите договор со себе и бидете одговорни. Целете кон едноставност, затоа што во системот само едноставните методи добро се дуплираат.“

Бенита: „Не се откажувајте, движете се напред затоа што упорноста се исплатува. Ние го сакаме тоа што го правиме, а оваа заедница, верата и човечноста не одржуваат во движење.“

Leave a Reply

Blog at WordPress.com.

Up ↑

Discover more from Calivita Македонија | Природни витамини, суплементи и здравје

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading