
Што е витамин Б12 и зошто е важен за нашата благосостојба?
Витамин Б12, познат како метилкобаламин, е есенцијален нутриент кој телото не може самостојно да го произведе. Затоа е важно да се внесува преку балансирана исхрана или квалитетна суплементација. Овој витамин е растворлив во вода, а организмот има способност да го складира за долгорочни потреби.
Витаминот Б12 придонесува за многу важни процеси:
- Поддршка на нервниот систем: Б12 е важен за одржување на здравјето на нервните клетки и заштитната обвивка околу нервите. Соодветни нивоа на Б12 помагаат во одржување на добра концентрација и меморија.
- Формирање на крвни зрнца: Овој витамин е клучен за производство на здрави црвени крвни зрнца, кои се одговорни за пренос на кислород низ телото.
- Енергетски метаболизам: Б12 помага во претворање на хранливите материи во енергија, што е особено значајно за лица со активен животен стил и спортисти.

Симптоми на недостаток на Б12
Најчест симптом на недостаток на витаминот Б12 е екстремен замор кој се појавува веднаш по утринското будење. Освен заморот други симптоми се:
- главоболка или вртоглавица
- бледа кожа
- гастроинтестинални потешкотии
- намалена концентрација
- чувство на трнење во екстремитетите
Зошто Б12 е важен за когнитивните функции?
Како есенцијален нутриент, Б12 игра значајна улога во одржувањето на менталната виталност. Тој учествува во синтезата на важни соединенија кои влијаат на расположението и емоционалната стабилност. Соодветниот внес помага во одржување на јасна мисла и фокус.
- Витамин Б12 е неопходен за одржување на миелинската обвивка на нервите која ги штити и овозможува брз пренос на нервни импулси. Неговиот недостаток може да до невролошки оштетувања и проблеми со меморијата
- Учествува со синтеза на невротрансмитерите допамин, норадреналин и серотонин кои се важни за когнитивната функција и расположението. Затоа неговиот недостаток делува дирекно на расположението и се поврзува со анксиозност и депресија
- Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на вит Б12 може да се поврзани со деменција и Алцхајмерова болест. Неговиот дефицит може да доведе до заборавеност, намалена концентрација и други когнитивни нарушувања.
- Помага во разградување на аминокиселината хомоцистеин која доколку е во високи концентрации го зголемува ризикот од невролошки и кардиолошки заболувања

Кафе или витамин Б12 – долгорочна поддршка за енергија?
Кафето и витаминот Б12 се два различни начини за зголемување на нивото на енергија а исто така и нивното влијание врз мозокот и телото е сосема различно. Додека кофеинот нуди брз и краткотраен поттик, витаминот Б12 нуди природна поддршка за Ввашиот енергетски статус. Тој помага во ефикасното искористување на енергијата од храната и подобра снабденост на клетките со кислород, без создавање на зависност.

Како витамин Б12 помага против стрес и анксиозност
Витамин Б12 е важен за синтеза на невротрансмитерите:
- Серотонин, кој е клучен за расположението и намалување на анксиозноста
- Допамин, важен за мотивацијата и енергијата
- Норепинефрин, важен е за реакцијата на стрес и влијае на будноста
Б12 за подобра меморија и концентрација
Витаминот б 12 е есенцијален нутриент кој игра клучна улога во функционирањето на мозокот ни нервниот систем. Покрај што е важен за синтеза на ДНК, продукција на еритроцити и метаболички процеси, посебно е значајно неговото влијание врз когнитивните функции и менталното здравје.
- Витамин Б12 е неопходен за одржување на миелинската обвивка на нервите која ги штити и овозможува брз пренос на нервни импулси. Неговиот недостаток може да до невролошки оштетувања и проблеми со меморијата
- Учествува со синтеза на невротрансмитерите допамин, норадреналин и серотонин кои се важни за когнитивната функција и расположението. Затоа неговиот недостаток делува дирекно на расположението и се поврзува со анксиозност и депресија
- Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на витаминот Б12 може да се поврзани со деменција и Алцхајмерова болест. Неговиот дефицит може да доведе до заборавеност, намалена концентрација и други когнитивни нарушувања.
- Помага во разградување на аминокиселината хомоцистеин која доколку е во високи концентрации го зголемува ризикот од невролошки и кардиолошки заболувања
Како да ја одржиш енергијата преку целиот ден?
Витамин Б12 има клучна улога во производството на енергија бидејќи е неопходен за метаболизмот на клетките и правилно функционирање на нервниот систем.
- Учествува во претворање на хранливите материи во енергија
- Учествува во производство на еритроцити
- Учествува во синтеза на миелинската обвивка на нервните клетки

Pure Energy B12 – Вашиот извор на чиста, природна енергија!
Pure Energy B12 е производ кој содржи витамин Б12 и спирулина. Витаминот Б12 игра клучна улога во борбата против пролетниот замор кој најчесто се јавува поради недостаток на сонце, физичка активност и свежа храна во зимскиот период. Тој е важен за производството на црвени крвни зрнца и за правилното функционирање на нервниот систем, неговиот недостаток може да доведе до анемија, која е поврзана со чувство на замор и слабост.

Допоплнет со органска спирулина
Во него е додадена и органска спирулина, сино-зелена алга која е позната како супер храна поради своите високи хранливи вредности и бројни здравствени придобивки:
- богата е со протеини, витамини од Б групата и железо, кои помагаат во зголемување на енергијата и намалување на заморот.
- содржи антиоксиданси и други хранливи материи кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, што е особено важно во пролетниот период кога телото е подложно на промени
- помага во елиминирање на токсините од телото, што може да допринесе за подобро чувство на виталност и енергија
Консумирањето на овој производ може да помогне во одржување на високото ниво на енергија и подобрување на општото здравје, што го прави одличен додаток во исхраната за време на пролетниот период.
Зошто да го изберете нашиот производ Pure Energy B12?
Високо апсорбирачка формула, висока доза, чиста формулација на метилкобаламин, без вештачки адитиви, без конзерванси, средства за зголемување, бои, комплетно вегански производ!
Ако имате некаква нетолеранција или чувствителност, сте вегетаријанец или веган, или едноставно сте свесни за здравјето и избегнувате адитиви, ова е производ за Вас. Pure Energy B12 е Вашиот извор на чиста, природна енергија!
Ако сакате долгорочна енергија без падови, Pure Energy B12 е вистинско решение за Вас.
Напомена: Овој производ е додаток во исхраната и не е замена за разновидна исхрана. Информациите се од едукативен карактер и не служат за дијагностицирање или лекување. Пред употреба, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Дипломиран фармацевт
Елена Подолешова Лукарева


Leave a Reply