Pure Energy B12 – Сѐ што треба да знаете за витаминот Б12

Витамин Б12 познат како кобаламин е есенцијален витамин од Б групата, тоа значи дека телото нема способност само да го продуцира и затоа мора да се внесува со храната или преку суплементација. Б12 спаѓа во групата на витамини растворливи во вода, но сепак организмот има способност да го складира во период и до 4 години и евентуалниот вишок се излачува преку урината.

Витамин Б12 е потребен за многу процеси во телото:

  • Б12 е неопходен за одржување на здравјето на нервните клетки и за производство на миелин, заштитната обвивка околу нервите. Недостатокот на Б12 може да предизвика невролошки проблеми, како што се: трнење во рацете и нозете, тешкотии со одењето и одржување рамнотежа, проблеми со концентрацијата и меморијата и депресија, дури и губење на меморијата.
  • Б12 е клучен за производство на здрави црвени крвни зрнца. Недостатокот може да доведе до анемија, состојба кога телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца за пренос на кислород до ткивата.
  • Б12 учествува во метаболизмот на енергијата, помагајќи да се претворат јаглехидратите, мастите и белковините во енергија што е особено важно за сите кои имаат високи енергетски потреби, на пример спортистите.

Најчест симптом на недостаток на витаминот Б12 е екстремен замор кој се појавува веднаш по утринското будење. Освен заморот други симптоми се:

  • отежнато дишење
  • главоболка и вртоглавица
  • бледа кожа
  • гастроинтестинални проблеми
  • проблеми со концентрацијата.
  • недостаток на енергија
  • трнење во рацете и нозете
  • мускулна слабост
  • нарушен вид
  • проблеми со меморијата, расудувањето, конфузија, депресија

Витаминот б 12 е есенцијален нутриент кој игра клучна улога во функционирањето на мозокот ни нервниот систем. Покрај што е важен за синтеза на ДНК, продукција на еритроцити и метаболички процеси, посебно е значајно неговото влијание врз когнитивните функции и менталното здравје:

  • Витамин Б12 е неопходен за одржување на миелинската обвивка на нервите која ги штити и овозможува брз пренос на нервни импулси. Неговиот недостаток може да до невролошки оштетувања и проблеми со меморијата
  • Учествува со синтеза на невротрансмитерите допамин, норадреналин и серотонин кои се важни за когнитивната функција и расположението. Затоа неговиот недостаток делува дирекно на расположението и се поврзува со анксиозност и депресија
  • Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на вит Б12 може да се поврзани со деменција и Алцхајмерова болест. Неговиот дефицит може да доведе до заборавеност, намалена концентрација и други когнитивни нарушувања.
  • Помага во разградување на аминокиселината хомоцистеин која доколку е во високи концентрации го зголемува ризикот од невролошки и кардиолошки заболувања

Кафето и витаминот Б12 се два различни начини за зголемување на нивото на енергија а исто така и нивното влијание врз мозокот и телото е сосема различно.

  • Кафе-брз, но краткотраен стимуланс

Кофеинот од кафето делува брзо блокирајќи го аденозинот – супстанција којашто предизвикува чувство на умор. Негово дејство трае обично 4-6, а после тоа време се чувствува пад на енергија. Ја подобрува концентрацијата, будноста и физичката издржливост, но може да доведе до несоница и нервоза. Со време организмот се навикнува на него и потребни се поголеми количини за ист ефект.

  • Витамин Б12 долгорочна поддршка за енергија

Витамин Б12 учествува во метаболизмот на клетките, помага во процесот на претворање на мастите, протеините и јаглехидратите во енергија. Помага во формирање на црвените крвни клетки кои носат кислород до сите клетки и ткива во телото. Добрата снабденост со кислород го намалува заморот, ја зголемува издржливоста и дава ментална јасност. Организмот не создава зависност од Витамин Б12.

Витамин Б12 е важен за синтеза на невротрансмитерите:

  • Серотонин, кој е клучен за расположението и намалување на анксиозноста
  • Допамин, важен за мотивацијата и енергијата
  • Норепинефрин, важен е за реакцијата на стрес и влијае на будноста

Витаминот б 12 е есенцијален нутриент кој игра клучна улога во функционирањето на мозокот ни нервниот систем. Покрај што е важен за синтеза на ДНК, продукција на еритроцити и метаболички процеси, посебно е значајно неговото влијание врз когнитивните функции и менталното здравје:

  • Витамин Б12 е неопходен за одржување на миелинската обвивка на нервите која ги штити и овозможува брз пренос на нервни импулси. Неговиот недостаток може да до невролошки оштетувања и проблеми со меморијата
  • Учествува со синтеза на невротрансмитерите допамин, норадреналин и серотонин кои се важни за когнитивната функција и расположението. Затоа неговиот недостаток делува дирекно на расположението и се поврзува со анксиозност и депресија
  • Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на витаминот Б12 може да се поврзани со деменција и Алцхајмерова болест. Неговиот дефицит може да доведе до заборавеност, намалена концентрација и други когнитивни нарушувања.
  • Помага во разградување на аминокиселината хомоцистеин која доколку е во високи концентрации го зголемува ризикот од невролошки и кардиолошки заболувања

Витамин Б12 има клучна улога во производството на енергија бидејќи е неопходен за метаболизмот на клетките и правилно функционирање на нервниот систем.

  • Учествува во претворање на хранливите материи во енергија
  • Учествува во производство на еритроцити
  • Учествува во синтеза на миелинската обвивка на нервните клетки

Pure Energy B12 е производ кој содржи витамин Б12 и спирулина. Витаминот Б12 игра клучна улога во борбата против пролетниот замор кој најчесто се јавува поради недостаток на сонце, физичка активност и свежа храна во зимскиот период. Тој е важен за производството на црвени крвни зрнца и за правилното функционирање на нервниот систем, неговиот недостаток може да доведе до анемија, која е поврзана со чувство на замор и слабост.

Во него е додадена и органска спирулина, сино-зелена алга која е позната како супер храна поради своите високи хранливи вредности и бројни здравствени придобивки:

  • богата е со протеини, витамини од Б групата и железо, кои помагаат во зголемување на енергијата и намалување на заморот.
  •  содржи антиоксиданси и други хранливи материи кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, што е особено важно во пролетниот период кога телото е подложно на промени
  •  помага во елиминирање на токсините од телото, што може да допринесе за подобро чувство на виталност и енергија

Консумирањето на овој производ може да помогне во одржување на високото ниво на енергија и подобрување на општото здравје, што го прави одличен додаток во исхраната за време на пролетниот период.

Високо апсорбирачка формула, висока доза, чиста формулација на метилкобаламин, без вештачки адитиви, без конзерванси, средства за зголемување, бои, комплетно вегански производ!

Ако имате некаква нетолеранција или чувствителност, сте вегетаријанец или веган, или едноставно сте свесни за здравјето и избегнувате адитиви, ова е производ за Вас. Pure Energy B12 е Вашиот извор на чиста, природна енергија!

Дипломиран фармацевт
Елена Подолешова Лукарева

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑