Од добро кон одлично

Ако сакате Вашиот бизнис во Share маркетингот наместо „доволно добар“ со прифатлив приход да прерасне во одличен бизнис кој генерира мотивирачки пасивен приход секој месец, тогаш разгледајте го следниов совет.

Во оваа статија, собравме некои од најдобрите практики за лидерство и управување со бизнисот, кои веќе се докажани како успешни. Иако овие примери се за компании и корпоративни лидери, лекциите што тие ги нудат се вредни и за Вашиот Share маркетинг бизнис!

Една клучна практика која е забележана како најдобра во големите компании е дека нивните лидери обично се издигнуваат низ ранговите од рамките на организацијата. Ова докажува дека share маркетингот е многу поволен бидејќи е изграден на истиот принцип.

Друга интересна забелешка е начинот на однесување на големите лидери: тие истовремено се резервирани и скромни, но исклучително решителни. Наместо да бркаат моментален успех, тие размислуваат долгорочно и развиваат процеси кои продолжуваат да функционираат добро и без нив.

Успехот се постигнува преку серија добри одлуки, формирајќи процес каде многу мали чекори водат кон вистинската насока, а клучот во овој процес е едноставноста. Share маркетиногот не е волшебен трик, тој следи низа едноставни основни чекори, а тоа се: одлука, поставување цели, список со имиња, покана, презентација, следен состанок, прием и лидерство. Овие едноставни чекори го прават процесот лесен за користење од страна на деловните партнери.

Процесот „од добро кон одлично“ може да се спореди со големо и тешко тркало кое треба да го придвижите и постепено да го забрзате. На почетокот на Вашиот бизнис, овој процес е тежок – тркалото едвај се движи. Но, со постојан напор, тоа почнува да се врти и постепено ја зголемува брзината. На крајот, тркалото се врти побрзо и побрзо, и со одржување на почетниот напор, можете да продолжите да го забрзувате. Не постои ниту еден потег или специфичен момент што најмногу придонесува за ставање на тркалото во движење – неговата зголемена брзина е резултат на континуирана, упорна работа.

Ако сакате да изградите личеен бизнис што на крајот се движи напред речиси без напор, прифатете ги овие најдобри практики, учествувајте на сесиите за обука на Calivita и постојано напредувајте со едноставни чекори што може да се копираат!

Оваа статија е инспирирана од книгата на Џим Колинс „од Добро кон одлично: Зошто некои компании го прават скокот… а други не.“

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑