PureBiom+ Новата генерација на симбиотик!

Замислете дека има производ со највисоко ниво на ефикасност и чистота кој, покрај тоа што ќе го подобри варењето на храната, ќе го зајакне и вашиот имунитет. Нашиот нов производ, PureBiom+, е токму тоа: Иновативен симбиотик. Tој е комбинација од најсовремени пробиотици и пребиотици наменет за сите кои максимално се грижат за своето здравје. Што го прави PureBiom+ толку посебен? Oткријте го со нас!

Што е PureBiom+?

PureBiom+ е симбиотик од брендот LactoWise® кој содржи две главни состојки: пробиотик LactoSpore® и хранлив екстракт од тилчец како пребиотик. Посебната карактеристика на производот е пробиотикот LactoSpore®, кој содржи бактерии кои формираат спори. Зошто бактериите со спори се добри?

Спорите на бактериите се многу отпорни

Предноста на спорите на бактериите во однос на другите пробиотици е тоа што тие се високо отпорни и на високи температури и на стомачна киселина. Тоа значи дека тие можат да останат во „заспана“ состојба долго време. Штом медиумот ќе дозволи, тие никнуваат и почнуваат да ги вршат своите позитивни ефекти врз цревата и целиот организам. Ова значи и практично, лесно ракување за вас, бидејќи PureBiom+ е стабилен на собна температура и не бара складирање во фрижидер. Спорите на бактерии на LactoSpore® завземаат истакнато место на пазарот на пробиотици во однос на одржливоста и ефикасноста.

Чист состав

Овој нов пробиотик доаѓа со незаменлива чистота. PureBiom+ нема вештачки адитиви, тој не содржи конзерванси, средства за зголемување, бои, ароми и ГМО. Тоа е вегански производ во растителна капсула. Погоден е за користење од страна на вегетаријанците и за сите оние потрошувачи кои се стремат да внесуваат што помалку адитиви.

Полесно варење

Придобивките од PureBiom+ се широки. Од една страна спорите-бактерии се ефикасна помош за дигестивни проблеми како што се:

  • варење,
  • дијареја,
  • стомачни грчеви,
  • надуеност,
  • повраќање, без разлика дали се вирусни или поврзани со стрес, т.е. IBS.
  • Исто така овој производ е одлична превенција доколку сакате да спречите дијареја за време на патување или после употреба на антибиотици.
  • Помага во обновувањето на цревната флора намалувајќи го бројот на штетни бактерии и зголемувајќи го процентот на корисни бактерии.
  • Ја подобрува сварливоста на растителните протеини, што е особено важно доколку сте вегетаријанци, вегани или имате проблеми со апсорпцијата.
  • Може дури и да помогне во сварливоста на лактозата, што е добра вест за се поголемиот број на луѓе кои не поднесуваат лактоза.

Чувар на имунолошкиот систем

Активните состојки во PureBiom+ го зајакнуваат и имунолошкиот систем, без разлика дали се работи за гастроинтестинална, вагинална или респираторна инфекција, го намалуваат ризикот од инфекции и го скратуваат нивното времетраење. Од друга страна, тие не само што го зајакнуваат, туку и го поддржуваат правилното функционирање на имунолошкиот систем и помагаат да се намалат воспалителните состојби, на пример во случај на проблеми со зглобовите од автоимуно потекло.

Затоа PureBiom+ е револуционерен симбиотик кој се истакнува на пазарот со својата напредна формулација, леснотија на користење и чисти компоненти. Без разлика дали страдате од дигестивни проблеми или сакате да го одржите вашиот имунолошки систем на вистински начин, PureBiom+ нуди ефикасно решение. Не пропуштајте ја вашата шанса, пробајте го овој одличен производ!

Leave a Reply

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

Discover more from Calivita® Македонија

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading