
Дали се согласувате дека есента е најдоброто време за планинарење? Постојат повеќе причини за тоа. Прво, времето е многу попријатно отколку во лето и попогодно за активности на отворено. Жештината заврши, а студените зимски настинки сè уште се многу далеку. Местата не се толку преполни со посетители како што е во екот на летото, бучниот метеж го нема, а исто така ги нема и комарците. Овие есенски денови се идеални да го свртите вниманието кон природата. Има и уште една причина поради која ова е најдобро време за планинарење а тоа се убавите есенски бои на природата. Лисјата се претвораат од зелена во жолта, портокалова и црвена боја, печурките буквално никнуваат по пешачката патека и ви пружаат многу прекрасни можности за фотографирање!
За здрави зглобови
Но, за да бидете способни да шетате во слободно време и да уживате во убавите есенски пејзажи прво треба вашите зглобови правилно да работат. Еден од водечките производи на Calivita, Joint ProteX Forte, е дизајниран токму за заштита на зглобовите, за спречување на нивна дегенерација. Тој содржи високи дози на
- метил-сулфонил-метан (познат и како МСМ)
- хондроитин сулфат
- глукозамин сулфат.
Овие состојки учествуваат во градењето и зајакнувањето на ’рскавицата и зголемувањето на опсегот на движење на зглобовите. Содржи исто така и хијалуронска киселина која игра улога во производството на синовијалната течност која е важна за подвижноста на зглобовите. Покрај овие важни активни супстанции, нашиот Joint ProteX Forte содржи и минерали и лековити билки кои го намалуваат воспалението. Производот е во форма на таблети и со право се смета за брз и лесен начин за решавање на било какви проблеми со зглобовите.
Повисоко ниво за заштитата за вашите зглобови ви нуди производот RiseUp Multiactive Collagen. Овој производ ги содржи истите градители на ’рскавицата (т.е. МСМ, хондроитин сулфат и глукозамин сулфат) и хијалуронска киселина како и Joint ProteX Fortе. Сепак овој комплексен состав оди и чекор понатаму, содржи витамини, шипинка за ублажување на болката и колаген. Производот содржи моќна мешавина на високи дози на хидролизиран колаген (од говедско месо) и UC-II® биолошки активен колаген. Неговите активни состојки не само што помагаат да се спречи дегенерацијата на зглобовите, туку ја стимулираат и нивната регенерација.
Против воспаление
Кога станува збор за борбата против воспалението и за ублажување на болката, секогаш може да се направи нешто повеќе. Сакаме да ви спомнеме уште еден одличен производ, тоа е Curcuma Pro кој се потпира на природната антиинфламаторна моќ на куркумата. За неа има клинички студии кои покажаа дека е еквивалентна на онаа на НСАИЛ (т.е. нестероидни антиинфламаторни лекови), само без несакани ефекти. За да може во организмот максимално да се апсорбираат активните состојки комбинирани се различни видови Куркума. Со тоа тие можат да останат активни во телото што е можно подолго. Како дополнување во составот има и микронизиран куркумин (MicroActive®), како и BioPerine®, екстракт од црн пипер кој ќе помогне во неговото искористување.
И уште нешто важно…
Само за момент може да дојде до лизгање, или погрешен чекор лесно може да предизвика истегнување на зглобот или пак да ја повредите ногата за време на планинарење. Исто така и после долга прошетка, болките во мускулите се вообичаени. Во сите овие ситуации нашиот органски гел Rescue Gel може брзо да ви помогне. Ќе бидете среќни бидејќи веднаш ќе ги почувствувате неговите смирувачки и разладувачки ефекти и ќе ги искусите неговите моќи за ослободување од болка. Содржи растителни активни состојки како
- рузмарин
- ментол
- камфор
- ѓаволска канџа
- планинска арника
кои ја докажале својата ефикасност во ублажувањето на болките во зглобовите низ вековите. Покрај за овие намени Rescue Gel можете да го употребите и за ублажување на болка предизвикана од каснувања и убоди од инсекти. Ефективен е и при изгореници од сонце кои се чести појави во време на летната сезона.
Зошто да чекате да заврнат дождовите? Облечете ги чизмите сега и тргнете во освојување на есенските убавини!





Leave a Reply