
Очите се еден од најчувствителните органи, на кои е потребно да им посветиме посебна грижа и внимание. За среќа на дел од болестите на окото може да се влијае и со навремена суплементација може да се спречи нивното појавување или да се запре прогресијата доколку веќе настанале многу надворешни фактори како што се UV зраците, слободните радикали, електросмогот од мониторите, стресот и уште многу други на кои сме секојдневно изложени, влијаат штетно на функцијата на окото. Очилата за сонце и капките кои често ги користиме не се доволни. Неопходен е внес на материи кои преку крвотокот ќе стигнат и ќе делуваат целно во насока на заштита на очите.
Лутеинот е соединение кое припаѓа во групата на каротеноиди. Тој се распределува во целото ткиво на окото, а особено во жолтата дамка на мрежницата и во очната леќа. Неговата улога е исклучителна во насока на протекција од штетните влијанија на слободните радикали, пред сè при токсичните пероксидативни реакции на липидната мембрана.
Во последно време е се позастапена болеста на заматување на очната леќа – катаракта.
Најголемиот дел од таквите пациенти завршуваат на оперативен третман со замена на леќата. Во таа насока повеќе научни студии ја докажаа позитивната улога на лутеинот во нејзиното спречување и третирање, а со тоа и спречување или пролонгирање на оперативниот третман на катарктата. Исто така, научно докажана е и улогата на лутеинот во третманот на макуларната дегенерација. Современиот начин на живот често е поврзан со оштетување на очите и проблеми со видот кои се јавуваат поради постојана работа пред компјутер. Лутеинот е одличен во заштита од штетните влијанија на електросмогот врз очите. Природен извор на лутеинот се некои растително продукти, како: спанаќ, зелка зелен грав, манго, папаја. Меѓутоа заради неговото есенцијално значење за зачувување на здравјето на очите, во одредени ситуации е добро да се внесе преку суплементација со производи кои го содржат.
Особено им е потребен на:
- лица кои постојано работат пред компјутер или гледаат многу телевизија,
- лица на строги диети,
- лица со наследна болест на очите во семејството,
- но се препорачува за сите кои се грижат за здравјето на своите очи.
Во асортиманот на производи на Calivita, лутеинот е застапен во производот Lutein Plus, каде што е во комбинација со други антиоксидантни состојки-зеаксантин, витамин Ц, витамин А и екстракт од боровинка. Доволна е една капсула дневно да го постигне ефектот во одржувањето на здравјето на окото. Меѓутоа, како антиоксиданти, состојките во производот Lutein Plus, се добри и за целиот организам, пред сè во заштита од кардиоваскуларни и малигни болести. Овозможете им ја на Вашите очи неопходната заштита! Погледнете на светот околу Вас, со бистар поглед и појасно видете ги убавините кои секојдневно Ве опкружуваат!
д-р спец. Бисера Пандовска Апостолова


Leave a Reply