Стоп за уринарните инфекции

Безгрижно лето со URX

Уринарните инфекции не напаѓаат преку целата година, но летото е период кога ризикот од уринарни инфекции е поголем. Не дозволувајте тоа да ви го промени планот за патување и долгоочекувано летно уживање на море, сонце, плажа, песок, … Ако имате или сте склони кон чести уринарни инфекции решението е URX!

URX – природно решение против уринарни инфекции

Најчест причинител на уринарните инфекции е бактеријата Ешерихија коли која и ако е дел од природната цревна микрофлора со својата способност брзо да се размножува предизвикува непријатни симптоми како што се:

  • зачестено мокрење,
  • печење при мокрење,
  • болки и
  • тежина во долниот дел на стомакот.

Кога ќе се појават овие тешкотии лекарите најчесто препишуваат антибиотик, но многу често тој не помага бидејќи ешерихија коли има способност лесно да мутира и брзо да се приспособи на дејството на антибиотиците и поради тоа инфекцијата се повторува.

Затоа луѓето се почесто бараат природно решение за лекување на инфекциите на мочните патишта.

Производот на Calivita, URX, во својот состав содржи д-маноза, тоа е шеќер кој се наоѓа во одредени видови овошје, а најмногу во брусницата. Докажано е дека д-манозата има силен ефект врз намалувањето на симптомите предизвикани од ешерихија коли. Таа нема бактерициден ефект како антибиотиците туку претставува „храна“ на која се лепат бактериите ешерихија коли и остануваат заробени во неа. На таков начин

  • се заштитува sидот на мочниот меур,
  • се намалува нејзината концентрација во урината, со тоа и
  • инфекцијата и непријатните симптоми.

Важно е да се напомни дека д-манозата не се метаболизира во организмот, таа се исфрла непроменета преку урината, затоа е безбедна за користење кај деца, трудници и дијабетичари.

Ефикасното дејство на овој производ е дополнет со други билки како коприва, мечкино грозје поточарка и бучу кои имаат диуретично и антибактериско дејство.

Совети:

  • најважен дел од она што значи превенција е редовно одржување на добра лична хигиена
  • доволно хидрирање, пиење најмалку два литри вода дневно
  • избегнување на носење на многу тесна долна облека
  • туширање со потопла вода
  • да не се задржува мокрењето
  • додека трае инфекцијата да се избегнува консумирање на слатки производи – на плажа после капење влажниот костим што побрзо да се замени со сув.

Leave a Reply

Blog at WordPress.com.

Up ↑

Discover more from Calivita Македонија | Природни витамини, суплементи и здравје

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading