
Безгрижно лето со URX
Уринарните инфекции не напаѓаат преку целата година, но летото е период кога ризикот од уринарни инфекции е поголем. Не дозволувајте тоа да ви го промени планот за патување и долгоочекувано летно уживање на море, сонце, плажа, песок, … Ако имате или сте склони кон чести уринарни инфекции решението е URX!
URX – природно решение против уринарни инфекции
Најчест причинител на уринарните инфекции е бактеријата Ешерихија коли која и ако е дел од природната цревна микрофлора со својата способност брзо да се размножува предизвикува непријатни симптоми како што се: зачестено мокрење, печење при мокрење, болки и тежина во долниот дел на стомакот.
Кога ќе се појават овие тешкотии лекарите најчесто препишуваат антибиотик, но многу често тој не помага бидејќи ешерихија коли има способност лесно да мутира и брзо да се приспособи на дејството на антибиотиците и поради тоа инфекцијата се повторува.
Затоа луѓето се почесто бараат природно решение за лекување на инфекциите на мочните патишта.
Производот на Calivita, URX, во својот состав содржи д-маноза, тоа е шеќер кој се наоѓа во одредени видови овошје, а најмногу во брусницата. Докажано е дека д-манозата има силен ефект врз намалувањето на симптомите предизвикани од ешерихија коли. Таа нема бактерициден ефект како антибиотиците туку претставува „храна“ на која се лепат бактериите ешерихија коли и остануваат заробени во неа. Така се заштитува sидот на мочниот меур, се намалува нејзината концентрација во урината, со тоа и инфекцијата и непријатните симптоми.
Важно е да се напомни дека д-манозата не се метаболизира во организмот, таа се исфрла непроменета преку урината, затоа е безбедна за користење кај деца, трудници и дијабетичари.
Ефикасното дејство на овој производ е дополнет со други билки како коприва, мечкино грозје поточарка и бучу кои имаат диуретично и антибактериско дејство.
Совети:
– најважен дел од она што значи превенција е редовно одржување на добра лична хигиена
– доволно хидрирање, пиење најмалку два литри вода дневно
– избегнување на носење на многу тесна долна облека
– туширање со потопла вода
– да не се задржува мокрењето
– додека трае инфекцијата да се избегнува консумирање на слатки производи – на плажа после капење влажниот костим што побрзо да се замени со сув.


Напишете коментар