
Летото е период на уживање и релаксација, но покрај потребната регенерација потребно е и квалитетен сон во доволни количини што за жал, многу луѓе во овој период не го практикуваат.
Во последно време, дури и оние луѓе кои малку спијат, како мотивацискиот говорник Тони Робинс, се повеќе и повеќе зборуваат за важноста на спиењето. Но, зошто е тоа толку важно?
„Спиењето е тој златен синџир што ги поврзува здравјето и нашето тело заедно“ – Томас Декер, американски писател.
Корисните ефекти на спиењето за здравјето на човекот се неспорни. Но, ние му даваме многу малку значење иако сите од искуство знаеме дека со соодветно количество сон имаме подобра концентрација, работиме поефикасно и сме потолерантни.
Дополнително, истражувањата покажуваат дека несоодветното количество сон (сметано за помалку од 7 часа дневно) придонесува за здравствени проблеми како што се проблеми со кардиоваскуларниот систем или метаболни нарушувања кои го зголемуваат ризикот од дебелина, дијабетес и висок крвен притисок.
Соодветното количество сон придонесува нашиот изглед да биде подобар, бидејќи нашиот изглед, свежината на кожата, подочниците, сето тоа ја отсликува нашата релаксација.
Каква врска има ова со share marketing? Една од најголемите предности на share marketing е што тој придонесува за нашиот личен развој, бидејќи секој што работи со share marketing живее посвесно и води поздрав начин на живот а тука спаѓаат и навиките за спиење
Share marketing не учи да поставиме приоритети, да обратиме внимание на важните моменти и навистина да бидеме присутни во нив. Понатаму, оние кои сакаат да постигнат успех ја знаат важноста од одмор и регенерација бидејќи добро знаат дека во случај на деловна презентација или ако присуствувате на некој настан не можете да бидете успешни ако сте ненаспани.
Многу важен е фактот дека оваа деловна можност ви овозможува сигурни финансии, што исто така многу влијае на квалитетот на сонот. Овој бизнис овозможува да го сонуваме својот сон и лесно да ја оствариме својата цел!
Оваа статија е инспирирана од следните статии:
Подигнување на свеста за спиењето како здраво однесување од Националната медицинска библиотека (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3741412/)

Напишете коментар