Летни стомачни тегоби

Цревните инфекции во летниот период се многу чести. Постојат повеќе фактори кои можат да предизвикаат непријатно чувство во стомакот. Тука спаѓаат:

  • Промени во исхраната: консумирањето на ладни пијалаци, со висока содржина на шеќери и јаглерод диоксид, потоа внес на поголема количина на храна со висока содржина на сол, зачини и маснотии, сите овие се потенцијални фактори за појава на различни стомачни тешкотии.
  • Дехидратација: Недоволниот внес на течности и зголеменото потење може да бидат причина за дигестивни проблеми.
  • Патување: Летото е период за одмор и патување, високите температури, промена на храната и климата може да доведе до различни стомачни тегоби.

Пробиотици – задолжителен дел од летната аптека

Зборот пробиотик потекнува од латинските зборови „pro“, што значи „за“ и зборот „bios“ што значи „живот“. Според тоа пробиотиците претставуваат т.н добри бактерии кои применети во соодветни количини имаат поволно влијание врз здравјето на домаќинот.

Како превенција од летни стомачни тегоби, Calivita во својата палета на производи ви нуди повеќе пробиотски производи: Acidophilus, AC-Zymes, AC-Zymes Plus, Probio Balance.

Производите содржат различни култури од Lactobacillus и Bifidobacterium и пребиотик-фрукто-олигосахариди. Пробиотските бактерии го помагаат здравото функционирање на цревата, заздравување од дијареја и враќање на нормалниот состав на цревната флора, го помагаат функционирањето на имуниот систем и намалување на симптомите на алергија. Пребиотиците, псилиумските влакна и фрукто-олигосахаридите, кои се додадени во составот на производите се отпорни на дејството на дигестивните ензими, тие како несварени стигнуваат во горниот дигестивен тракт претставуваат храна за здравите бактерии во нашите црева и помагаат во размножувањето на пробиотските бактерии.

Наши препораки: Во тек на летниот период потрудете се да бидете доволно хидрирани, да имате урамнотежена исхрана, без обилни оброци и редовна физичка активност.

Кога се подготвувате за патување соодветната примена на пробиотици во голем процент може да ја намали патничката диареа. Најдобра подготовка е кога се зема пробиотик 3-4 дена пред патување, за време на патувањето и уште 5 дена после враќањето од патување.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑