Para ProteX – што е тоа?

Дали знаете дека секојдневно може да се сретнеме со неколку милиони паразити? Како се заштитувате од нив? Со редовно миење на рацете или проветрување на просторијата? Иако мислиме дека нашиот имунолошки систем е поподложен на инфекции во периодот на зимата, треба да знаеме дека нашето тело е изложено на нападот на различни бактерии, вируси и габички во текот на целата година. Покрај микроорганизмите кои живеат во симбиоза со нашиот организам, постојат и такви кои се штетни по нашето здравје и треба да се бориме против нив.

Пред пуштањето во продажба на производот Para ProteX, истиот помина низ пролонгирано истражување и не е чудно тоа што е еден од најпопуларните производи.

Од една страна во таблетите интегриравме состојки кои поединечно одлично делуваат на организмот, како масло од семка од грејпфрут, лук, црн орев и каранфилче, а од друга страна им додадовме билки кои се докажани во илјадници години традиционална медицина: екстракт од кисел трн, тахебо и измирна смола.

Со создавањето на производот Para ProteX ја постигнавме целта на заштита на организмот од патогените агенски со кои секојдневно доаѓа во контакт.


Вируси

Вирусите се генетски паразити на живите клетки. Тие не можат да живеат сами, туку се живи само во домаќинскиот организам, навлегувајќи во неговите биолошки процеси. Тие се шират на многу начини: некои ги носат одредени инсекти од едно животно или растение на друго, додека други патуваат во воздушни честички исфрлени при кивање или кашлање, или пак се наоѓаат на предмети контаминирани од биолошки материјали. Кога станува збор за патогеноста, повеќето вируси се специфични за одредени организми и ги контаминираат само нив.


Бактерии

Бактериите се едноклеточни организми со типична големина од неколку микрони. Тие се со различна форма: нивните клетки може да бидат сферични, стапчести, спирални и др. Тие може да се најдат на различни површини од Земјата: во вода, во почва, во воздух, па дури и на дното од океанот или нуклеарниот отпад. Сите бактерии не предизвикуваат болест, но оние кои предизвикуваат може да предизвикаат значајни последици по здравјето.


Габи

Габите се толку застапени што со нив се среќаваме секојдневно. Може да кажеме дека тие се природен дел од нашиот живот. Но за жал некои од нив може да предизвикаат болести. Од илјадниците габи кои се познати, само околу двесте се идентификувани како предизвикувачи на болести. Ширењето на габичните инфекции може да биде предизвикано од многу фактори меѓу кои најчести се честата употреба на антибиотици и анемијата. Дијагнозата не е лесна со оглед на разновидните манифестации. Симптомите може да бидат најразлични, а некои може да бидат поврзани со сериозни компликации по здравјето.


Природен состав

Во составот на активните компоненти има и многу познати како што се екстракт од семка од грејпфрут, лук, црн орев, каранфилче, додека исто така додадовме и корисни лековити растенија кои се користат со илјадници години во традиционалната медицина, и тоа рангунски ползавец, мирислива пеперутка, екстракт од кисел трн како и тахебо.

Ајде да видиме како овие компоненти во составот ја прават нашата формула да биде една од најуспешните на пазарот.


Рангунски ползавец

Декоративна билка нативна за Индија, чии листови и семе се употребуваат со векови во традиционалната медицина. Неговите листови се берат и процесираат за подготвување на лековити препарати за третирање на габични инфекции на кожата. Зрелото семе од оваа билка се гмечи и се користи како лек за дијареја и треска. Рангунскиот ползавец е одличен за третман на стомачна болка.


Миризлива пеперутка

Листовите и семето на ова растение се користат за третман на цревни инфекции и елиминирање на инфективните агенси од организмот. Мирисливата пеперутка се смета за еден од најефективните агенси за третман на нематоди (црви).


Екстракт од кисел трн

Екстрактот од кисел трн е ефективен во третман на болести на црниот дроб, ја стимулира продукцијата на жолчка и апетитот, а воедно ја коригира опстипацијата предизвикана од несоодветна продукција на жолчка. Според некои истражувања екстрактот од кисел трн има и антиревматско дејство.


Каранфилче

20 проценти од сушениот плод од каранфилче се состои од супстанција позната како еугенол која е популарна по своето антибактериско, антиврусно и антипаразитарно дејство. Сите овие корисни ефекти го прават каранфилчето познато во третманот на повеќе болести веќе со векови. Покрај антиинфективниот ефект корисно е и за третман на болка, дигестивни заболувања; а се препорачува и за лица кои се обидуваат да се откажат од консумирање на алкохол и пушење.


Тахебо

Благодарение на неговото антигабично (анти Кандида) дејство, тахебото е широко употребувано за борба против паразитите кои живеат во цревата. Во фармакологијата неговите основни дејства се опишани како: поддршка на имунолошкиот систем, антиинфламаторно, антибактериско дејство, ефективно против габички (како најзначајна Candida albicans) маларија, Staphylococcus aureus, E. coli и Salmonella typhosa.


Црн орев

Црниот орев се препорачува во третман кандидијаза, стоматомикоза, инфекции предизвикани од хипомицети (габички во мувла), рани и чирови, псоријаза, брадавици, меѓу кои и оние предизвикани од вируси. Може да се употребува внатрешно и надворешно. Во Германија тинктурата од црн орев е регистрирано како лек


Масло од Кралевски орев

Многу познат лек во третманот на катарална инфламација на желудникот и цревата.


Екстракт од семка од грејпфрут

Последните две децении екстрактот од семка од грејпфрут е позната по внатрешната и надворешната употреба за третман на вирусни, бактериски, габични и паразитски инфекции. Исто така е значајно како детоксификатор кој ја одржува и стимулира функцијата на имунолошкиот систем.


Лук

Лукот е споменуван уште од древните записи, меѓу другото познат и по тоа што египетските војници го употребувале за одржување на здравјето и добрата кондиција. Лукот одлично го прочистува организмот, има антиоксидантско дејство, го стимулира имунолошкиот систем и е корисен во заздравување при бактериски и габични инфекции. Нашите предци го употребувале при настинки, благодарение на неговата главна активна состојка алицин, која има антимикробен ефект.


Користете го Para ProteX при:

Патување

Многу често патувањата на егзотични дестинации може да бидат проследени со различни цревни инфекции. Сето тоа доведува до потреба од лежење во кревет и пропуштање на сите можности кои ги нуди одморот. Со производот Para ProteX тоа веќе не мора да биде дел од Вашиот одмор.


Инфекција со Candida (кандидијаза)

Candida albicans е габичка која е нормално дел од човековиот организам. Таа не е штетна сè додека имунолошкиот систем е цврст и адекватно ја одвива својата функција, во спротивно може да се размножи и да предизвика штетни ефекти по здравјето …


Третман со антибиотици

За жал употребата на антибиотици е широко распространета, дури и во непотребни случаи. Докажано е дека употребата на пробиотици е клучна во антибиотскиот третман. Затоа по употребата на антибиотици Ви препорачуваме заедно со примената на пробиотици да земате и Para ProteX, со цел да ги спречите штетните последици.


Габични инфекции

Габичните инфекции се сè почести поради употребата на антибиотици со широк спектар, како и лековите или состојбите кои го супримираат имунолошкиот систем.


Детоксикација

Човечкото тело секојдневно доаѓа во контакт со голем број на токсини. Доколку не се погрижиме побрзо да ги елиминираме, тие се акумулираат и може да влијаат на функцијата на нашите органи. Потрудете се редовно да го детоксицирате Вашиот организам за да останете здрави и во добра форма!


Патувања во егзотични земји

Дијарејата е реакција на телото на ненадејна промена во цревната флора. Доколку ја занемарите може да страдате минимум два до пет дена. Дијарејата најчесто се појавува во текот на првите две недели од (подолготрајно) патување во неразвиена земја од страна на лице кое потекнува од развиена земја. Оваа појава е најчесто предизвикана од консумирање на вода или храна која е контаминирана од патогени агенси (штетни бактерии, вируси или паразити). Најчестиот предизвикувач е ентеротоскичната бактерија Escherichia coli, но исто така чести се и Salmonella, Shigella и Campylobacter varieties. Вирусите и паразитите исто така може да предизвикаат дијареја: Norovirus, Rotavirus, Giardia duodenalis, Cryptosporidium species и Entamoeba се најпознатите предизвикувачи.

Дозирање:

Превенција: Земете 1 таблета дневно, барем една недела пред планираното заминување на пат.

Додадете само една капка OxyMax во водата со која го миете овошјето и можете да бидете сигурни дека ќе бидете заштитени од појава на цревна инфекција во текот на одморот.


Најчестите десет симптоми на инфекција со Candida:

Непријатен здив

Нагло паѓање на косата

Препотување за време на спиење

Чешање, кожни проблеми, акни

Промени во столицата

Чести промени во расположението и ниско либидо

Болка предизвикана од чирови и рани, гасови, подуеност

Постојано чувство на глад, неможност да се загубат килограми и покрај диета

Чести инфекции на мочните патишта, поголема количина на вагинален секрет

Исцрпеност, малодушност, долготраен замор, проблеми со концентрација

Доколку ги чувствувате овие симптоми консултирајте се со професионално лице!

Дозирање:

– Земајте 1 таблета 3 пати дневно една недела, потоа
– Земајте 2 таблети 3 пати дневно една недела и на крај
– Земајте една таблета 3 пати дневно до крајот на третманот.

Доколку страдате од инфекција со Candida погрижете се да ја подобрите цревната флора и да применувате соодветна диета.


Третман со антибиотици

Цревната флора е стабилна средина на микроорганизми (мали бактерии) кои живеат во дигестивниот тракт и се борат против штетните бактерии и вируси кои влегуваат во организмот. Цревната флора во голема мера е поврзана со функцијата на имунолошкиот систем. Доколку е балансирана го детоксицира организмот и го спречува создавањето на инфламаторните супстанции. Сè уште е мала загатка како е толку важна стабилноста на цревната флора. Антибиотиците иако во многу случаи се корисни и неизбежни може да ја нарушат рамнотежата на нашата цревна флора. За време на третманот со антибиотици погрижете се да ја одржите рамнотежата на Вашата цревна флора!

Дозирање:

Земајте 1 таблета 3 пати дневно во период од еден месец.

Земајте пробиотик за да ја задржите рамнотежата на цревната флора за време и по завршувањето на третманот со антибиотици!


Габични инфекции

Во овој цивилизиран свет, човечкиот организам е изложен на многу негативни влијанија: постои несигурност, стрес, промени во навиките на исхрана (да не го споменуваме квалитетот на храната и адитивите). Сите тие придонесуваат за нарушувањето на нашиот внатрешен баланс.

Габичките може да го нападнат целото тело: кожата, косата, гениталните органи, хранопроводот и белите дробови се смета дека се најчесто засегнати од габични инфекции. Иако локалните и системските форми на габични инфекции може успешно да се третираат, многу е значајна нивната превенција.

Дозирање:

Земајте 1 таблета 3 пати дневно додека страдате од симптомите.

Доколку страдате од габична инфекција, погрижете се да ја зачувате рамнотежата на цревната флора и да применувате соодветна диета.


Детоксикација

Цревата се една од најголемите заштитни бариери на човечкото тело и на имунолошкиот систем. Од нив се апсорбираат хранливите материи и витамините. Начинот на кој тие функционираат влијае во голема мера на здравјето. По чистењето на телото од токсичните материи во цревата, апсорпцијата на хранливите материи станува поефикасна, а со тоа и дејството на витамините и минералите. Денес е докажано дека со процесот на детоксикација на токсините од организмот се подобрува функцијата и на имунолошкиот систем.

Дозирањe:

Земајте 3 пати по 1 таблета дневно во период од еден месец, секоја пролет и есен.

Доколку се наоѓате во процес на детоксикација, потрудете се да внесувате голема количина течности!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑