Vein ProteX – Природно решение за алергии

Сезоната на алергија е во полн ек. Симптомите како: кивање, кашлање, пецкање и чешање на очите, носот или грлото ги чувствуваат се повеќе луѓе.

Алергијата претставува сложен имунолошки процес што се одвива во човековиот организам под влијание на различни супстанции-алергени, со кои организмот веќе бил во контакт.

Постојат повеќе видови алергени, тие се наоѓаат насекаде околу нас: во домот, во работната средина, во храната, во природата што не опкружува. Алергијата може да се манифестира со повеќе симптоми, најчести се солзење и црвенило на очите, секреција од носот, кивање, кашлање, исип по кожата но, има и многу посериозни симптоми како хронични воспаленија на дишните патишта, астма, кожни заболувања, нарушено варење и др.

Синтетичките антихистаминици имаат цела низа несакани ефекти како што се замор, главоболка, поспаност, нервоза, сува уста, гадење, гастритис…

Природните антихистаминици немаат несакани ефекти и не создаваат навики. Како природно решение Calivita Ви го препорачува производот Vein Protex, содржи олигомерни проантоцијанидини (OPC), моќни антиоксиданти од семките од црвено грозје, тој лесно се врзува за капиларните ѕидови, ја намалува нивната пропустливост и неговиот механизам на дејство е на два начина: го спречуваат ослободувањето на хистамин и ја инхибираат работата на одредени ензими, а со тоа ги намалуваат воспалителните процеси и физичката манифестација на алергија. Ефикасен е и дава резултати дури и кога алергијата веќе се појавила.

Друга важна компонента на овој производ е хесперидинскиот комплекс, тоа е биофлавоноиден комплекс кој го зајакнува имунитетот, ја зајакнува отпорноста на организмот од заразни болести и настинки. Активира бројни ензими и игра важна улога во клеточното дишење.

Потоа витаминот Ц, секоја таблета Vein ProteX содржи и 250 мг витамин Ц, повисоките нивоа на овој витамин овозможуваат поголем волумен на издишаниот воздух што е важно бидејќи лачењето на хистамин ги стеснува дишните патишта во белите дробови.

Покрај овие, производот Vein Protex содржи и други состојки како екстракти од куркума, ѓумбир, МСМ, кои ја стимулираат циркулацијата, имаат антиоксидантско дејство и многу други здравствени придобивки.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑