
Од заеднички интерес на сите нас е да ја заштитиме нашата околина, бидејќи со тоа ќе обезбедиме здрав живот за нас и нашите идни генерации. Но, дали некогаш сте размислувале што може да направите во таа насока како партнер на Calivita.
Како свесен клиент изберете поголеми пакувања од производи што ќе ви траат неколку месеци. Така нема да мора да фрлате празна пластична кутија секој месец откако ќе ги потрошите витамините.
Исто така празните кутии од производите може да ги искористите и за друга намена, а доколку не ги користите тогаш однесете ги во отпад што се рециклира.
Многу луѓе се против пластичните амбалажи, но треба да знаете дека во Calivita покрај тоа што се испитува производот во сите фази од производството исто така се води сметка амбалажата да е со максимална безбедност којашто ќе ја зачува стабилноста на состојките, ќе го штити производот за време на транспорт а истовремено ги исполнува и еколошките стандарди.
Можете да направите повеќе за да ја зачувате животната средина ако на пример направите групна нарачка бидејќи во овој случај ќе се намали количината на пакување. Исто така и кога го делите каталогот, еден каталог може да биде за повеќе лица или група. Исто така може да ги користите и можностите што се нудат на интернет, тука преку алатките што Ви ги нуди Calivita ефикасно може да го градите Вашиот бизнис, а истовремено и се грижите за животната средина. Најдобар пример за тоа е страницата MyShop! *
Како што може да видите имате многу можности за да го изградите ефикасно Вашиот бизнис и при тоа да ја заштитите околината. Бидете добар пример за висока еколошка свест додека развивате успешен бизнис. Можноста за создавање поубава иднина е во Ваши раце!

Напишете коментар