
Кога станува збор за значењето на витаминот Д за имунолошкиот систем, на сите ни е позната неговата улога во спречување на инфекциите и полесно справување со нив. Но, покрај веќе познатите придобивки запознајте ги и другите негови корисни ефекти.
Загадената животна средина и начинот на живот може да ја намалат отпорноста на клетките или трајно да ги оштетат. Постојаните воспалителни процеси доведуваат до голем број здравствени проблеми, метаболички нарушувања, оштетување на крвните садови, дури и проблеми со нервниот систем вклучувајќи и ментална нерамнотежа. За жал, имунолошкиот систем може да се сврти против сопствените клетки и да врши нивна дегенерација.
Улогата на витаминот Д во овој случај е огромна. Според направените студии докажано е дека ниското ниво на витамин Д е поврзано со повисок степен на воспаление. Витаминот Д делува како имунолошки модулатор тоа значи дека ја насочува работата на имунолошкиот систем во вистинска насока и така се контролираат воспалителните процеси.
Витаминот Д го намалува ризикот да се развијат автоимуни нарушувања кај луѓето (мултиплекс склероза, ревматоиден артритис) како и разни форми на рак. Може да помогне во спречување на дијабетес, депресија па дури и срцев удар. Има корисни ефекти врз состојби како на пример хипертензија, атеросклероза, отпорност на инсулин, ментален пад поврзан со возраста, може да помогне за зајакнување на коските и мускулите и за спречување на остеопороза.
Бидејќи способноста на нашиот организам да го произведува овој важен витамин се намалува со возраста, неговото надополнување е неопходно преку целата година. За таа цел Calivita на своите клиенти им овозможува специјален пакет од 3+1 D-drops континуирано достапен во текот на целата пролетна и летна сезона!



Напишете коментар