7 совети за да го засакате нашето ново есенцијално масло од лаванда

Сакате ли да се чувствувате како да сте во поле со расцветана лаванда? Доволно е само да го отворите шишето со новото органско есенцијално масло од лаванда на Calivita. Не само прекрасен мирис, ова масло ќе ви понуди решение и за многу други работи во секојдневниот живот.

Во продолжение ќе Ви понудиме неколку совети и начини како може да го користите нашето органско масло од лаванда и да уживате во него.

  1. За да се ослободите од главоболка или мигрена додајте 2-3 капки во мала количина млеко за тело. Масирајте ги слепоочниците и тилот за да ја олесните болката.
  2. Направете смирувачка купка со капка масло од лаванда и ќе Ви помогне да се релаксирате после напорен и стресен ден.
  3. Пред спиење додадете неколку капки органско есенцијално масло од лаванда во водата од дифузерот. Оставете природниот мирис од лаванда да создаде магична атмосфера и да уживате во мирен и длабок сон.
  4. Етеричното масло од лаванда може да помогне во заздравување на помали рани, исекотини, изгребаници. Исто така помага во зараснување на рани без да остане лузна. За оваа цел додадете 3-5 капки масло од лаванда во лажичка лосион за тело и нанесете го на погодената област со чиста памучна вата. Оставете го да делува 30 минути а потоа исплакнете ја кожата со млака вода.
  5. За да се ослободите од настинка: 3-5 капки органско есенцијално масло од лаванда растворете во две супени лажици растително масло или лосион за тело. Масирајте ја кожата на градите 2-3 пати на ден за да ги исчистите дишните патишта.
  6. Додадете неколку капки органско есенцијално масло од лаванда во регенераторот за коса и ќе добиете прекрасна сјајна и мирислива коса!
  7. Ставете 3-5 капки органско есенцијално масло од лаванда на мало парче чиста ткаенина и оставете го во гардероберот. Облеката ќе добие пријатен мирис и ќе ја заштитите од несакани инсекти.

Набавете го органското есенцијално масло од лаванда на Calivita и целото семејство ќе се чувствува одлично!

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.

Up ↑