
Влакната како предуслов за нормална работа на цревата
Истражувањата покажуваат дека преку исхраната се внесуваат многу малку влакна и дека просечно еден жител од западните земји внесува 12 гр. влакна, наместо препорачаните 30 гр. Ова дирекно е поврзано со многу болести на модерното време. Пред сè, влакната предизвикуваат брановидни движења на цревата (перисталтика) и кога нема доволно влакна овој процес се забавува, дури може и да се запре исфрлањето на отпадните материи (затвор). Овој проблем е посебно изразен кај повозрасните лица. Значи, колку повеќе влакна консумираме, празнењето на цревата е почесто, а тоа е подобро за нашето здравје бидејќи е помал контактот на токсичните нуспроизводи со цревната површина и со тоа е помала и можноста за појава на рак. Храната богата во влакна ја намалува апсорпцијата на гликоза, со тоа и нивото на инсулин. Тоа помага да се намали телесната тежина бидејќи влакната имаат способност да бабрат и така го ограничуваат внесот на друга високо калорична храна.

Papaya PLUS се таблети за џвакање кои освен ензими содржат и папаја. Производот првенствено е наменет за лица на кои одредени прехранбени намирници, како на пример млечните производи, мешунки, некои видови на зеленчук и овошје, им создаваат проблеми (надуеност, гасови, отежнато варење и др.).
Производи на CaliVita што содржат влакна се Nopal и Inulin

Дехидрираниот кактус нопал (Opuntia) e извор на растворливи и нерастворливи влакна кои делуваат во регулирање на телесната тежина, целулитот, варењето и целиот метаболизам, посебно на метаболизмот на шеќери и масти. Нопал е билка со најмал гликемиски индекс и затоа неговото внесување со критичен оброк ја намалува вкупната гликемиска вредност на храната. Тоа значи дека доколку испиеме 3-4 таблети Nopalin пред оброк го намалуваме ослободувањето и апсорпцијата на гликоза, со што подобро се контролира нивото на шеќер во крвта, се намалува акумулирањето на маснотии во телото и нивото на триглицериди. Благодарение на способноста на влакната на нопал да бабрат во вода доаѓа до полесно формирање на столица и побрзо празнење на цревата, а исто така дава чувство на ситост и намален апетит. Бидејќи нопалот е познат како средство за регулирање на метаболизмот во телото, се користи како дополнување во сите лекови за детоксикација и диети.

Инулинот е јаглехидрат чии влакна се нерастворливи и отпорни на ензимско разложување во тенкото црево и така нерастворени стигаат до дебелото црево каде што се разложуваат од неговите бактерии. Инулинот како извор на влакна служи како пребиотик т.е. го поттикнува растот на здравата бактериска цревна флора којашто е важна за здравјето на тенкото и дебелото црево. Бидејќи инулинот има низок гликемиски индекс погоден е за лица со дијабетес и оние што се на диета. Употребата на инулин го зголемува бројот на корисните цревни бактерии од видовите Bifidobacterium и Lactobacillus, што е многу значајно бидејќи цревата се појдовна точка на нашиот имунитет. Овој ефект на инулинот се должи на шеќерите фруктани (бета2,1 фруктани) кои во цревата се разградуваат на млечна киселина и масни киселини со кратки ланци кои се клучни за обновување на клетките на дебелото црево. Тоа е важно кога има воспалителни заболувања на дебелото црево да не дојде до промени во клетките (пре нео-оластични лезии) кои водат до појава на рак. Може да се користи со храна и со пијалак како замена за шеќер и вкусот потсетува на вкус на шеќер.




Напишете коментар