Се има решение

По поставувањето на целите во јануари, периодот што следи знае да изгледа како време во кое чувстувате дека напредувате побавно одколку што си пларинавте.

Share marketing не е секогаш спектакуларен, најчесто се гледа преку секојдневни разговори, во довербата што носи повторно купување и во малите огласувања кои привлекуваат нови клиенти.

Програмата Loyalty Plus, која започна оваа година е изградена токмо врз овој принцип, го наградува постојаното купување. На долг рок континуираното присуство секогаш носи резултати. Но, како да го задржиш правецот кога ќе наидеш на пречки?

Тука е важен начинот на размислување – не е битно што ќе се соочите со пречки, туку како ќе гледате на нив, затоа што пречките секогаш ќе постојат. Гледајте ги низ призмата на филозофијата: ,,За се има решение,, Нема трајна блокада, има само ситуации каде што уште не сте го пронашле вистинското решение.

Ова е особено вистинито за Share marketing! Не секој разговор носи веднаш резултат, не секој план успева од прва, не секое искуство е блиску до тоа што функционира. Кога ќе го прифатите ова предизвиците не Ве забавуваат, тие Ви го покажуваат патот.

И Вие самиот го одредувате тој пат, бидејќи на долг рок, не околностите туку Вашите убедувања ја обликуваат Вашата судбина. Не може точно да знаете колкав потенцијал имате во себе, но , она што не го третирате како важно во секојдневието никогаш нема да донесе резултати.

Дали меѓу Вашите цели за 2026 год има нешто што Ви изгледа нерешливо или да наидувате на пречки? Дали тоа негативно влијае на остварување на Вашите цели во работата со Calivita? Ако одговорот е да, тогаш направете го десетгодишниот тест!

Замислете се себеси после десет години. Дали повеќе ќе сакате да се сеќавате дека сте се обиделе и сте имале напредок или дека сте останале во познатото и сигурното.

Ова прашање треба да ги тргне сегашните стравови и да Ве насочи кон тоа што навистина е важно – кон Вашата иднина.

,,Постојат два типа на луѓе во светот: луѓе кои зборуваат за пречки и луѓе кои зборуваат за резултати,, – Мари Форлео

Не барајте совршен план, доволно е да донесете одлука денес и направите чекор. Јавете се на потенцијалниот клиент дури и ако се плашите од одбивање. Презентирајте ја деловната можност , иако чувствувате трема. Вклучете се во разговорот иако Ви е непријатно. Храброста не значи да немате страв туку да дејствувате и покрај него.

,,Се има решение,, нека биде Ваше мото во 2026 год. Не како празна мотивациска фраза туку како практичен работен водич. Наместо да ги гледате пречките во share marketing како ѕидови, гледајте ги како предизвици што чекаат да бидат решени.

Прегледајте ги повторно своите цели и дозволете оваа година да биде потврда дека верувате оти секогаш постои решение и Вие сте подготвени да го најдете!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑