Свесно поддржете ја Вашата пролетна детоксикација

Ослободете се од зимскиот “замор”: ⚡ Водич за лесна пролет ⚡

За многумина првиот месец од пролетта е време за нови почетоци. Во март денот почнува да се зголемува, има повеќе светлина и природно добиваме желба да расчистиме и во просторот околу нас и во сопствената внатрешна рамнотежа.

Телото се детоксифицира секој ден – тоа е негова природна функција. Црниот дрoб, бубрезите, дигестивниот систем и клеточните одбрамбени механизми постoјано работат за да го одржат балансот и да се справат со метаболитичкиот и надворешниот стрес.

Современиот начин на живот, неправилните навики во исхраната, преработена храна, недоволен сон, создава дополнителен притисок врз овие процеси. Во вакви случаи нема потреба од радикален режим на чистење, туку е потребна свесна и насочена поддршка.

Кога варењето испраќа сигнали тоа е знак дека цревата бараат поддршка. Правилното функционирање на цревниот систем е клучно за процесот на елиминација. Ако движењето на цревата се забави, варењето може да стане тешко, што доведува до надуеност и чувство на тежина. Во вакви ситуации препорачливо е да се поддржи природното функционирање на цревата.

Кога енергијата се намалува потребна е клеточна поддршка. Чувството на замор или намалена виталност, ретко има една единствена причина. Најчесто е резултат на зголемен вкупен стрес врз организмот. Во такви моменти треба да се размислува на клеточно ниво да се обезбеди дополнителна поддршка со користење на антиоксиданси и есенцијални микронутриенти.

Нaшите производи од алги придонесуваат за елиминација на тешки метали и други токсини, а нивниот природен алкализирачки ефект помага во одржување на здрав pH-баланс.

Purest Sea Essence содржи чиста спирулина богата со антоксиданси и микронутриенти кои го пoддржуваат природниот одбрамбен систем на телото.

Spirulina Chlorella Plus е комплексна формула што комбинира спирулина, хлорела, пченкарна трева и луцерка обезбедувајќи поширока поддршка за рамнотежа и виталност на организмот.

Течна форма или таблети – избери го она што најмногу ти одговара!

Liquid Chlorophyll е практичен избор за оние кои преферираат течни препарати. Хлорофилот, пигмент што им ја дава зелената боја на растенијата, е исклучително важен алкализатор кој може да помогне во одржување или враќање на киселинско-базната рамнотежа и да ги ублажи симптомите на рефлукс. Тој е одличен детоксикатор и благ диуретик што го прави суштински дел од секој режим на чистење на организмот.

Ако пак преферирате таблети без алги производот Green Care базиран на луцерка нуди алтернатива со висока содржина на хлорофили природни хранливи материи (витамини, минерали, есенцијални аминокиселини).

Црниот дроб – центар на внатрешната рамнотежа.  Тој е еден од најважните органи во процесите на детоксикација и како биохемиски центар на телото учествува во безброј метаболички процеси.

Liver Detox е вегански производ, без ГМО, без вештачки адитиви со богат состав од витамини, минерали, аминокиселини и билки кои го поддржуваат нормалното секојдневно функционирање и регенерирање на црниот дроб.

Многумина практикуваат режим на чистење напролет или наесен, но всушност треба да се обрнува внимание на сигналите што секогаш ги дава телото. Свесна поддршка е посебно важна во периоди на зголемен стрес, промени на животниот стил или интензивни обврски. Детоксикацијата не е еднократна активност, таа е континуиран процес. Со користење на вистинските природни производи овој процес може да биде многу поефикасен.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑