
Calivita мобилна апликација – Vitamins & More
Олеснете си го секојдневието само со еден клик!
Превземете ја апликацијата и користете ја секојдневно за да го олесните Вашиот здрав и урбан животен стил!
Кога се работи само за производи, нарачка, акции, членска картичка или брза регистрација на нов член, нашата нова апликација Vitamins & More Ви ја дава предноста со само еден клик да допрете до една од овие или многу повеќе други функции. Без непотребно куцање, пребарување, филтери, бидејќи сите важни информации се тука за Вас!
Зошто е добра за Вас како корисници/потрошувачи?
Брзо и едноставно правење на нарачка – лесна нарачка од каде било, во кое било време, со само неколку клика.
Користење на Вашиот заработен бонус – едноставно користење на Вашиот заработен бонус од претходни нарачки како попуст за Вашите наредни нарачки.
Преглед на Вашите претходни нарачи – лесно може да видите какви биле Вашите претходни нарачки и на тој начин никогаш да не Ви недостасува некој производ.
Сите податоци за Вашето членство на едно место – Го заборавивте Вашиот членски код и важноста на Вашето членство? Благодарејќи на апликацијата, со еден клик можете да пристапите до Вашата членска картичка, исто така не мора повторно да ги пополнувате Вашите податоци за испорака, се е веќе зачувано преку Вашиот членски код.
Бидете први информирани за акции и новитети – благодарение на push нотификациите, секогаш ќе бидете во тек со најновите акции!
Вашите податоци за пристап во апликацијата Vitamins & More:
Корисник:
Вашиот членски код
Лозинка:
Вашата регистрирана е-маил адреса
Напомена: Оваа лозинка е иницијална. Доколку сакате да ја промените Вашата лозинка, логирајте се преку веб-прелистувач на нашата веб страна http://www.calivita.mk или контактирајте нѐ на нашите телефонски броеви 023230088 или 076454957. Доколку сте подолго време член на Calivita и ја имате променето Вашата лозинка, Ве молиме да ја внесете новата лозинка за да можете да пристапите на апликацијата.
Преземете ја апликацијата спрема Вашиот мобилен оперативен систем:



Напишете коментар