
Пролетта е тука, возбудливо годишно време, како и секогаш! Како што се буди природата, така и многумина од нас се чувствуваат поенергични и поживи. Има многу работи на кои се радуваме, а посебно на тоа што се отворени апликациите за нашиот голем и забавен летен камп на Calivita.


Минатогодишниот летен камп беше огромен успех – многу учесници рекоа дека е најдобриот во последните 6-7 години, можеби дури и најдобриот досега! Локацијата, хотелот, капацитетите и храната беа неверојатни. Јас и моето семејство прекрасно поминавме и ќе го рангираме меѓу најдобрите искуства. Со целата возбуда околу минатогодишниот камп, очекуваме голем интерес и оваа година, затоа не чекајте премногу долго за да аплицирате – достапноста на собите е ограничена. Новите производи го поминаа тестот на нашите членови и затоа ќе Ви дадеме повеќе информации за истите, Pure Liquid C+ Forte и Nordic Pure Omega CETO3®.


Исто така, ќе најдете одлични статии за капсулите Epsom Salt, Purest Sea Essence и многу други. Друг возбудлив настан кој ќе се одржи е Семинарот за успех во 2026 година на прекрасниот остров Фу Куок во Виетнам. Ако сè уште не сте почнале да работите на квалификациите, сè уште има време да го остварите тоа. Тоа ќе биде незаборавно искуство на неверојатна локација во хотел со 5 ѕвезди и би сакал да видам одлична група која ќе се дружи на ова место. Запомнете, ние имаме само еден живот во ова тело – една шанса да живееме целосно и да создадеме неверојатни спомени. Со нетрпение очекувам да се видиме на Летниот камп!

Gerry Hargitai
Основач и претседател

Напишете коментар