Внатрешно чистење: Природни производи за ефикасна детоксикација

Детоксикацијата е темел на здравјето со векови. Дури и древните култури – како што се египќаните, грците и кинезите, користеле различни методи за чистење на телото на природен начин. Во денешно време, со бројните загадувачи на животната средина, преработената храна и стресниот начин на живот, кои придонесуваат за таложење на токсини, важноста на детоксикацијата е уште поголема.

Подобра благосостојба и виталност

Една од главните цели на детоксикацијата е да ги поддржи процесите на само-чистење на телото, со што се намалува акумулацијата на штетните материи. Детоксикацијата има голем број на придобивки: може да го подобри варењето, да го зголеми нивото на енергија, да резултира со почиста кожа и да придонесе за ментална свежина и за помирен сон. Покрај тоа, правилните процеси на детоксикација исто така можат позитивно да влијаат на метаболизмот, помагајќи да се контролира тежината. Натрупувањето на токсините во организмот може да предизвика долгорочно воспаление, кое може да доведе до развој на хронични заболувања, поради што вреди да се практикува одвреме-навреме процес на детоксикација.
Од асортиманот на производи на Calivita, избираме да Ви претставиме неколку формулации кои се ефикасни и може да Ви помогнат во процесот на чистење на телото.

Чистење на цревниот тракт

Ако сакате да го исчистите Вашиот интестинален тракт, Epsom Detox Caps може да Ви помогнат, бидејќи природната моќ на солта на магнезиум сулфат помага да се стимулира движењето на дебелото црево и помага да се елиминираат токсините. Производот е вегански, не содржи ГМО и вештачки адитиви.

Чиста спирулина

Ако сакате да ја поддржите детоксикацијата на клеточно ниво, Purest Sea Essence е одличен избор. Неговата чиста содржина на алгата спирулина ефикасно помага да се отстранат тешките метали и другите токсини, додека нејзиното алкализирачко дејство може да го врати балансот на pH на телото. Тоа е вегански производ кој не содржи адитиви, алергени и ГМО.

Комплекс за детоксикација од алги

За оние кои бараат покомплексна формула за детоксикација, Spirulina Chlorella Plus на база на алги е идеален избор, бидејќи содржи спирулина и хлорела, како и пченична трева и луцерка. Хлорофилот кој се наоѓа во растенијата може да биде корисен за киселинско-базната рамнотежа на телото, за негова детоксикација и алкализација.

Формула за течно алкализирање

За оние кои претпочитаат течни производи, ја препорачуваме нашата формулација Liquid Chlorophill која е специјално дизајнирана да го алкализира телото. Хлорофилот е високо ефикасен алкализатор кој може да помогне во одржување или обновување на киселинско-базната рамнотежа на телото и да ги ублажи симптомите на рефлукс. Исто така, овој производ е одличен детоксикатор и благ диуретик, што го прави суштински дел од режимите за чистење.

Моќта на луцерка

За оние кои претпочитаат форма на таблети и не се љубители на алги, ја препорачуваме Green Care. Високата содржина на хлорофил луцерката ја прави одличен детоксификатор и алкализатор. Таа, како и алгите, е вистинска хранлива бомба која содржи витамини, минерали и есенцијални аминокиселини.

Поддршка за црниот дроб

За крај, да не заборавиме и на детоксикацијата на црниот дроб, која игра клучна улога во елиминацијата на штетните материи. Liver Detox е вегански производ без ГМО, без вештачки адитиви. Содржината на витамини, минерали, аминокиселини и билки му помага на црниот дроб да функционира и да се регенерира за да може да ја извршува ефикасно својата витална работа.

Детоксикацијата треба да се прави во низа циклуси, особено во пролет и есен, кога телото е поприродно склоно кон чистење. Меѓутоа, ако чувствувате замор, дигестивни проблеми или проблеми со кожата, исто така е добра идеја да направите чистење без оглед на сезоната. А со правилен избор на природни производи, процесот на детоксикација може да биде уште поефикасен.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑