Среќни Новогодишни и Божиќни празници

Скоро 30 години, ние во Calivita Македонија, многу работи ги правиме и ги доживуваме заедно. Секоја година која ја оставаме зад нас, носи некои свои предизвици, но и нови знаења и доживувања. Времето во кое живееме на сите нас ни носи некакви промени од кои некои се очекувани, а сепак некои не изненадуваат. Сепак, чувството да се припаѓа на заедница која се поддржува, која дава стабилност и сигурност, е непроценливо и дава дополнителна вредност.
Благодарение на многуте искуства, знаење и мудрост кои се стекнати сите овие години, како и на столбовите на кои се темели нашата Компанија, истрајноста и вредната работа, оваа година за нашата Calivita заедница беше година на остварувања на кои им предходеше цел еден период. Оваа година можеме да се пофалиме со зголемен број на членови и потрошувачи во самата мрежа, со што се подразбира и зголемен промет кој се подобруваше од месец во месец. На наша голема радост, има се повеќе прашања и заинтересирани за самиот бизнис модел, Share маркетинг, како и за вредностите кои ги застапуваме и со кои се гордееме. Хуманоста, искреноста, храброста, истрајноста и желбата да се помогне да другите во градење на еден здрав, квалитетен и слободен живот се императив и правец сите овие минати години. Сите заедно тежнееме овие вредности да ги присвоиме, да не препознаваат со нив, и секако да ги предадеме на сите оние кои се пронаоѓаат во нашата заедница.
Оваа година нашата палета се прошири со повеќе производи од нова генерација. Pure Biom, Pure B12, целата палета производи од семејството Pure, Liver Detox и останати се само дел од возбудливата иднина која не очекува.
Во склоп на целата заедница се одржаа бројни семинари, конференции, зооминари како и инфо вечери на кои имаше многу нови информации кои требаше да се доловат. Огромната снага на нашата заедница е во тоа што секој поединечно, но и сите ние заедно како тим, имаме храброст да се движиме со склад со сите промени кои не очекуваат по патот, да го менуваме мислењето на другите околу нас за квалитетниот начин на живот за кој се залагаме, да донесуваме позитивни промени и да имаме заеднички цели и визија која е јасна како и нашето лого “Shine on”.
Преку нашата работа се учиме како да преминуваме преку сите препреки, како истите да ги трансформираме во наша полза, како од секој камен по патот да избрусиме дијамант, и така веќе години наназад се поставуваме се повисоко во светот на финансиската независност и им го просветлуваме патот на оние кои сакаат да не следат. Со сето ова сакам лично да им оддадам признание на секој од Вас поединечно, како дел од нашето Calivita семејство, на тимот во Calivita Македонија, на нивната посветеност, колективен дух и несебична работа, како и на сите Менаџери и соработници кои со својата работа и поддршка направија уште една успешна година.
Ви посакувам одлично здравје, многу успех и остварување на сите соништа, безброј убави моменти за паметење, смеа, радост, прекрасни нови пријатества како и многу успешни приказни кои ќе се раскажуваат во иднина.

Ви посакуваат
М-р Александар Апостолов
Управител на Мак Фит дооел,
со тимот на Calivita Македонија

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑