
Млечен трн – природен заштитник на црниот дроб
Млечниот трн или како уште се нарекува бел трн е растение кое има долга историја на медицинска употреба која трае повеќе од 2000 години. Ова растение потекнува од медитеранскиот регион, а се наоѓа и во многу делови од светот вклучувајќи ги европа, азија и северна америка.
Главна активна компонента на млечниот трн е силимаринот, флавоноиден комплекс кој има значајни заштитни ефекти врз црниот дроб. Тој го штити црниот дроб од штетни токсини како алкохол, дрога и разни загадувачи на животната средина, го спречува оштетувањето што може тие да го предизвикаат и дополнително го стимулира растот на нови клетки.
Покрај заштита на црниот дроб силимаринот има и антиинфламаторни и антиоксидантни својства, што значи дека може да помогне во спречување на хронични болести, срцеви заболувања, рак и дијабетес. Постојат истражувања според кои млечниот трн може позитивно да влијае на метаболизмот на гликоза што го прави потенцијален за лекување на дијабетес тип 2. Исто така некои студии укажуваат дека млечниот трн може да има позитивен ефект врз нивото на холестеролот, што е важно за здравјето на срцето. Традиционално се користел за лекување на дигестивни проблеми, варење на храна, надуеност и запек.
Неговите својства го прават ефикасен природен лек за различни здравствени проблеми и хронични болести, за заштита од токсини, има многу малку несакани дејства и со право се вбројува меѓу најпопуларните додатоци за здрав начин на живот.

Liver Detox – одлично решение за мамурлак!
Во нашата култура славите се повеќе од обични настани, тие се моменти на радост, забава и заедништво. Оваа година на пазарот се појави еден нов производ кој вашите прослави ќе ги направи уште повесели и незаборавни.
Запознајте го производот liver detox, специјално дизајниран да ги направи вашите забави незаборавни! Тој содржи внимателно избрани аминокиселини, витамини, минерали, билки, антиоксиданти, кои ќе ви помогнат да се чувствувате одлично и да уживате во секој миг.
Liver detox е веганска капсула без никакви адитиви, целосно природен и здрав избор за секоја прослава! Изберете го liver detox бидејќи ќе ви помогне да го извлечете максимумот од себе на забавата, релаксирајте се и уживајте во атмосферата бидејќи тој ќе ви го олесни следниот ден после забавата.
Создаден е бидејќи не можете да си дозволите да се излежувате цел ден после ден поминат на забава или семеен собир, ќе ви помогне да се надмине мачното чувство на мамурлак, нервозен стомак, болна глава со зуење, умор, недостаток на концентрација, чувство на жед… нема да се жалите дека веќе никогаш нема да претерате со пиење!


Напишете коментар