Пристигнаа нашите нови комплексни колагени во чиста форма, без вкус!

Денес имаме да споделиме добри вести со Вас!! Среќни сме што може да објавиме дека нашите популарни колагенски производи: RiseUp Multiactive Collagen и #glamUp, сега се достапни во природно чиста форма без вкус. Звучи интересно нели?

Отсега можете слободно да го вкусите Вашиот додаток на колаген како што сакате. Одберете дали сакате да го мешате со други течности и додатоци, а може и со кафе. Одлична идеја! Слободно експериментирајте, само не заборавајте да ни кажете за резултатите. Бидете креативни, а потоа не заборавајте да ги споделите вашите најдобри рецепти со нас!

Треба да знаете дека нашите нови производи со колаген без вкус се подобрени, „почисти“ верзии. Што значи ова? Тоа значи дека ги елиминиравме сите дополнителни адитиви: засладувачите и аромите. Обновените верзии, исто како и старите, не содржат боја, шеќер, конзерванс или средство за зголемување, како и ГМО (генетски модифицирани организми), соја*, млеко* и глутен*. Доколку страдате од некаков вид на нетолеранција или чувствителност, сега знаете кои производи да ги изберете. Ако едноставно сте човек кој е свесен за здравјето, сака да ја минимизира количината на адитиви што ги консумирате тогаш обие производи се вистински избор за Вас.

Откако ги елиминиравме дополнителните адитиви, откривме дека нашите нови производи тежат помалку од нивните претходници. Ова, сепак, не значи дека тие нема да траат. Напротив: содржината во пакувањето сега ќе трае подолго!Важно е да се има предвид дека промената нема никаква врска со содржината на активните состојки на производите. RiseUp Pure и GlamUp Pure ќе продолжат да обезбедуваат одлична поддршка на Вашите зглобови и Вашата кожа. Количините на активни состојки остануваат исти, тие ги содржат истите големи дози на скапоцените активни супстанции во најоптималните можни форми за брза и насочена апсорпција за да ги заштитите зглобовите и да ја одржите Вашата кожа цврста.

Велите дека не сакате да пиете пијалак без колаген, а сепак ги претпочитате добрите, стари работи со вкус на цитрус? Воопшто нема проблем! Нашите колагенски мешавини со вкус на портокал остануваат достапни, исто така. Сепак, Ве охрабруваме да ги пробате чистите верзии, но секако од вас зависи што ќе саката да изберете. Додека да го направите изборот слушнете го искуството на еден од првите потрошувачи:

„Секогаш ја купувам верзијата на сè без засладувачи, па едвај чекав да ги пробам. Неверојатно е! Воопшто немаат вкус и се совршено растворливи. Дозволете ми да ви честитам што создадовте два навистина посебни природни колагенски производи, толку чисти тие претставуваат уникатен „чист квалитет“ на пазарот!“

Андреа Фелшо, Унгарија

Пробај те ги нашите сосема нови, природно чисти производи од колаген без вкус – не двоумете се да ги пробате RiseUp Pure и GlamUp Pure!

* Ве молиме имајте предвид дека производите можеби биле контаминирани со соја, млеко или глутен за време на производството.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑