
Како што пристигнува есента се повеќе и повеќе ќе слушате за важноста да го зајакнете Вашиот имунолошки систем, бидејќи лесно може да се заразите со вируси. Повеќето луѓе веднаш посегнуваат по витамини со цел да си помогнат, но постои еден клучен фактор што треба да се запамети, тоа е врската меѓу цревата и имунолошкиот систем.
Дали знаевте дека 70% од Вашиот имунолошки систем се наоѓа во Вашите црева? Внатрешната површина на цревата делува е првата линија на одбрана на имунолошкиот систем. Оваа огромна област е постојано во контакт со надворешниот свет вклучувајќи различни супстанции, храна, микроби и токсини. Бактериите во цревата, особено корисните пробиотици, помагаат за одржување на имунолошкиот систем, придонесувајќи да функционира таканаречената „цревна бариера“, која спречува штетните материи да влезат во телото.
Исто така сè поголем е бројот на научните истражувања кои покажуваат дека цревната флора, заедницата на корисни бактерии кои живеат во цревата, не само што има главна улога во подобрување на дигестијата, туку и дека директно влијае врз функционирањето на имуниот систем.
Во една студија*, корисниот бактериски род Weizmannia (Bacillus coagulans) беше тестиран против дијареја предизвикана од неонатален ротавирус. Кај испитуваните луѓе, пробиотикот значително го намалил бројот на епизоди на дијареја, од просечни 8 на 3 и го скратил времетраењето на дијарејата, од просечни 35 дена на 13 дена. Значи дека, пробиотиците не само што може да го намалат ризикот од претворање на инфекциите во дијареја, туку може и да го скратат времето на траење на инфекциите.
Клучна улога на цревната флора е да го регулира имунолошкиот одговор. Ако цревната флора е здрава и избалансирана, имунолошкиот систем соодветно ќе одговори на различните патогени без претерана реакција, што би можела да предизвика автоимуни проблеми или алергиски реакции. Затоа, пробиотиците играат важна улога не само во зајакнувањето на имунолошкиот систем, туку и во неговото „нагодување“. Спроведена е студија за да се покаже колку е голем нивниот ефект.
На пример, ефектите на гореспоменатите W. (B.) coagulans исто така се проучувани во случаи со автоимуните проблеми со зглобовите**. На испитаниците кои страдале од ревматоиден артритис најмалку 1 година, им биле дадени додатоци на пробиотик во тек на 60 дена. По 60 дена, нивните резултати на воспаление се намалени, нивната болка е намалена и тие можеа подобро да се движат. Значи, можеме да кажеме дека пробиотиците навистина можат да помогнат да се контролираат прекумерно активните имунолошки клетки и да се намалат воспалителните состојби.
Според ова, дали разбирате зошто е толку важно да ги добиете вистинските пробиотици за поддршка на рамнотежата на цревната флора заедно со потребните витамини, особено во есенските и зимските месеци?
Наскоро во Calivita ќе пристигне PureBiom+, нова генерација на синбиотик што комбинира најсовремени пробиотици и пребиотици. Содржи LactoSpore® (Weizmannia coagulans) спори бактерии кои се високо отпорни и на високи температури и на стомачна киселина. Со други зборови, во однос на одржливоста и ефикасноста, тие се одлични.
Активните состојки на PureBiom+ се целосно чисти. Тој е без ГМО и не содржи вештачки адитиви како што се конзерванси, средства за зголемување, бои или вкусови. Тоа е исто така вегански производ во растителна капсула, па затоа е погоден за вегетаријанци. Како и останатите наши „чисти“ производи и овој производ срдечно Ви го препорачаме доколку сте потрошувач кој внимава на здравјето и го претпочита принципот „што е можно помалку адитиви“.
Здравата цревна флора е клучот за здрав имунолошки систем. Не пропуштајте го овој важен чекор во Вашата подготовка за периодот што следува!
Извор: *Имунотропен аспект на пробиотското дејство на Bacillus coagulans – Bomko et al., Journal of Pharmacy and Pharmacology, (2017) ** Bacillus coagulans и неговите апликации во медицината – Y Mu et al., Benef Microbes 2019 јули 10; 10 (6): 679-688

Напишете коментар