Помогнете му на Вашиот деловен партнер да стане ментор!

Дали имате нов деловен партнер и сакате да му помогнете на вистински начин? Дали сакате тој да има чувство за достигнување? Ајде да ги погледнеме чекорите што треба да ги преземете!

Најпрво објаснете ги чекорите на кругот на успехот, тоа се основните чекори што треба да ги преземе во овој бизнис, а тие се оние на кои треба да се врати доколку заглави. *

Првиот чекор е одлуката, која тој веќе ја донел, бидејќи решил да тргне во бизнис со Calivita. Потоа следи дефинирање на неговите цели, јасно да се види сопственото „зошто“. Со следниот започнува вистинската работа, тоа е моментот ова е моментот кога тој треба да ја напише својата листа со имиња. Потоа доаѓа поканата, ги поканува своите пријатели на презентација или инфо вечер.

Секако, на почетокот тој ќе направи презентација заедно со Вас, ќе му помогнете да го научи тоа, а потоа ќе му помогнете во „Што е следно?“ состаноци. Ќе помогнете и при лансирањето, кога Вашиот деловен партнер ќе му помогне на својот нов деловен партнер да го започне бизнисот и на тој начин тој ќе стане менаџер.

Основните чекори на бизнисот се циклични и на овој начин можете да изградите стабилен бизнис работејќи преку нив.

Основата на share marketing-от е нашата заедница. Во оваа заедница си помагаме и постојано ги информираме новите членови според нивното деловно ниво! Овде консултациите, деловните повици и пораките се дел од секојдневниот живот.

Можете да го постигнете тоа преку комуникација во посебна група за оние кои штотуку ја запознаваат Calivita, додека пак во друга група може да испраќате повеќе и подлабоки информации до оние кои се сериозни во бизнисот.

Покрај тоа, не заборавајте на моќта на помалите, понеформални деловни состаноци на пријатели и заедничките програми. Постојано запознајте се со Вашите деловни партнери и создадете вистинска заедница!.

„Забележав дека луѓето сакаат да припаѓаат на тим, дека им се допаѓа чувството да се опкружени со истомисленици. Тие ни се придружуваат затоа што се идентификуваат со нашите принципи и се стремат кон слобода, подобар живот и подобра економска иднина.‘ – Џери Харгитаи, претседател и основач на Calivita.

Во Вашиот бизнис Calivita работите самостојно, но не сте сами! Ви помагаат и Вашите ментори, исто како што Вие им помагате на сопствените деловни партнери! Границата е само ѕвезденото небо, заедно да станеме повредни, поуспешни и побогати.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑