
Во текот на есента, нашите најнови производи веќе можете да ги најдете во се повеќе земји: Liver Detox, Pure B Complex+, Pure Ca+Mg Plus и Pure Energy B12! Што е заедничко за сите овие производи? „Чисти“ состојки, сложени формули и одлична апсорпција! Без разлика дали е потребно да направите детоксикација на црниот дроб, да го поддржите вашиот нервен систем, да го одржувате здравјето на коските и мускулите или да го зголемите нивото на енергија, овие производи ќе бидат совршен избор за Вас.

⇛ Чисти, природни состојки
Како што споменавме погоре, сите производи по својот состав се исклучително чисти. Тие ги содржат само најсуштинските, природни и растителни ексципиенси, што значи дека не содржат вештачки адитиви, конзерванси, средства за зголемување, бои, ароми и се без ГМО. Дополнително, сите наши производи се достапни како вегански капсули за да можат да ги консумираат веганите и вегетаријанците.
⇛ Свеста за здравјето е сè поголема
Зошто се повеќе се произведуваат „чисти“ производи? Во последните години значително е зголемен бројот на заболени од хронични заболувања, нетолеранции и дигестивни проблеми. Како резултат на тоа, потрошувачите стануваат посвесни за тоа што јадат и се повеќе избегнуваат вештачки конзерванси, бои и вкусови. Со порастот на здравствените и еколошките стилови на живот, ние исто така се повеќе се стремиме да произведуваме производи кои се чисти и содржат многу малку адитиви.

⇛ Биоактивни, високо апсорбирачки форми
Во тек на производството, фокусот не е само на чистотата на производот, туку и на подобрување на апсорпцијата на формулациите. Во нашите Pure Energy B12 и Pure B Complex+, витаминот Б12 е додаден во форма на метилкобаламин, додека во вториот, витаминот Б6 е во форма на пиридоксал-5-фосфат и фолна киселина во форма на калциум L-метилфолат. Додека во Liver Detox можете да уживате во магнезиум и цинк во органска форма, т.е. бисглицинат, Pure Ca+Mg Plus содржи калциум и магнезиум во природна, високо употреблива форма, Aquamin®, т.е. извлечена од морска вода и алги. Апсорпцијата на овие активни состојки има многу придобивки. Од една страна, тие брзо и ефикасно влегуваат во крвотокот, со што се овозможува поефикасно да го постигнат посакуваниот ефект. Од друга страна, бидејќи подобро се апсорбираат, помали дози може да бидат доволни за да се постигне саканиот ефект.

⇛ Комплексна поддршка
Нашите нови производи покрај тоа што сакавме да бидат што е можно почисти и добро апсорбирани, се погриживме да бидат што е можно покомплексни, односно да го поддржуваат телото од што повеќе страни и извори. Во прилог на Aquamin® калциум и магнезиум, Pure Ca+Mg Plus содржи витамини D3 и K2, органски минерали во трагови, екстракт од коњска опашка и органски екстракт од цреша Acerola. Pure B Complex+ содржи целосен спектар на Б витамини, а ефектот на витаминот Б е зајакнат со специјална мешавина од органско овошје и зеленчук и Q10 како антиоксиданс. Liver Detox ја поддржува функцијата на црниот дроб со 14 состојки, а Pure Energy B12 има органска спирулина која ги зајакнува ефектите на витаминот Б12.

⇛ Ефективно решение
Нашите најнови производи обезбедуваат сеопфатно решение за поддршка на Вашиот здрав начин на живот. Тие придонесуваат за нормално функционирање на Вашиот нервен систем, производство на црвени крвни зрнца, го зголемуваат нивото на енергија, го поддржуваат здравјето на коските и мускулите и помагаат во детоксикација на црниот дроб. Овие производи, како што е споменато, се составени од навистина природни, високо апсорбирачки состојки, без вештачки адитиви. Ова ги прави идеален избор за луѓе а посебно на оние со нетолеранција, чувствителност, проблеми со варењето и апсорпцијата, но и за вегетаријанците, веганите и сите кои се грижат за правилното функционирање на своето тело.



Напишете коментар