
ОСВЕЖУВАЊЕ НА ЛИМОН, СИЛА НА ТЕМЈАН И НЕЖНОСТ НА ЛАВАНДА: КОМПЛЕТ ЗА СЕКОЈДНЕВНА ХАРМОНИЈА
Етеричните масла се користеле уште пред илјадници години од различни народи ширум светот за лекување и одржување на доброто здравје.
Овие моќни миризливи екстракти од растенијата можат да влијаат на нашиот ум и тело и да придонесат за подобрување на нашето физичко и ментално здравје и за општа благосостојба. Поради тоа што се високо концентрирани етеричните масла се користат во многу мали количини и за да се избегне иритација треба да се нанесат на носечко масло на пример кокосово или бадемово масло, кое исто така помага и активните супстанции полесно да се апсорбираат Кога се нанесуваат на кожата активните компоненти и даваат различни терапевтски ефекти, на пример некои етерични масла имаат антиинфламаторни својства, ја намалуваат болката и воспалението, други пак ја подобруваат циркулацијата и ја зголемуваат енергијата, го подобруваат сонот, расположението, конгнитивните функции…

Зошто Calivita во својата палета ги избра токму овие типови на масла?
Затоа што лимонот е еден од најчестите, дава расположение и енергија, има антиоксидантно дејство, го прочистува воздухот и отстранува мириси. Маслото од лимон има антимикробни својства што можат да помогнат во борба против бактерии и габи. Маслото од лимон помага во намалување на акни, дамки и други проблеми со кожата. Помага во чистење на порите и намалување на прекумерната продукција на себум, што ја прави кожата помазна и поосвежена. Освежувачката арома на лимоновото масло може да помогне во намалување на стресот и анксиозноста. Вдишувањето на аромата го подобрува расположението и создава чувство на енергија и позитивност.

Лавандата е една од најпопуларните, позната по своите смирувачки својства. Вдишувањето на аромата може да помогне во намалување на стресот, анксиозноста и нервозата. Се користи често за релаксација и подобрување на расположението. Лавандата помага при проблеми со несоница. Додавањето на неколку капки во бањата, перницата или дифузерот може да го подобри квалитетот на сонот и да помогне при тешкотии со заспивањето. Нанесувањето на масло од лаванда на челото, слепоочниците или вратот може да помогне во олеснување на главоболките, мигрените и тензијата. Вдишувањето на маслото исто така може да помогне во релаксација и намалување на болката. Лавандата е природен антисептик и помага во спречување и лекување на мали рани, гребнатинки и изгореници. Нејзините антибактериски својства помагаат во дезинфекција на кожата и спречување на инфекции.

Темјанот е едно од најценетите и најскапоцените есенцијални масла. Mаслото од темјан има силни антиинфламаторни својства, што го прави корисно за намалување на воспаленијата и болките во телото, особено кај состојби како артритис и мускулни болки. Темјанот се користи за нега на кожата, бидејќи помага во намалување на лузни, брчки и стрии. Го стимулира регенерирањето на клетките и ја прави кожата да изгледа помладо и посјајно. Ароматичните својства на темјанот имаат смирувачко дејство врз нервниот систем. Вдишувањето на неговата арома може да помогне во намалување на стресот, анксиозноста и депресијата. Аромата на темјанот исто така се користи за подобрување на концентрацијата и јасноста на умот, што е корисно при медитација и духовни практики. Поради смирувачките својства, етеричното масло од темјан може да помогне во подобрување на квалитетот на сонот, особено за луѓе кои се соочуваат со несоница. Овие придобивки го прават темјанот еден од највредните етерични масла за физичко и емоционално здравје.





Напишете коментар