Што е Menopausal Formula?

Терминот менопауза специфично се поврзува со престанокот на менструалното крвавење и обично се користи да се опишат низа од симптоми и знаци кои го придружуваат овој процес. Природниот крај на менструирањето е постепен процес (трае 4-6 години) и се карактеризира со намалување на функцијата на јајниците, естрогенската и прогестеронската продукција.

Годините кои претходат на менопаузата (перименопаузален период) може да вклучат физички симптоми и знаци како што се: нерегуларни крвавења, главоболка, вртоглавица, топли бранови, црвенило на лицето, обилно и нагло потење, отежнати сексуални односи, почесто мокрење, чешање по кожата и гениталиите, болки во крстот и зглобовите, аритмии, срцебиење, замор, склоност кон атеросклероза со зголемување на холестеролот, можна појава на хронични болести од типот на шеќерна болест, лошо расположение, анксиозност, раздразливост, депресивност, несоница, нарушување во сонот. Овие и многу други тегоби се поврзани со дефицитот и варирањата во нивото на естрогените хормони и прогестеронот. Долготрајна и многу посериозна компликација на менопаузата е остеопорозата и срцевите заболувања.

Примената на додатоци во исхраната треба да почне многу пред појавата на тегобите на менопауза. Впрочем и нарушениот баланс на естрогените и прогестеронот почнува години пред настапот на менопаузата. Примената на природни естрогени (фитоестрогени) може да го надополни Вашето тело со растителни естрогени, како да се присутни Вашите природни естрогени. Фитоестрогените се група на природни хемиски супстанции добиени од растенијата: тие имаат структура слична на естрогените и се дел од нашата исхрана.

Производот Menopausal Formula е комплексен додаток во исхраната кој содржи мултивитамини, мултиминерали и дополнително збогатен со билки, внимателно тестиран и комбиниран според потребите на жената за оптимално здравје во стресните средни години и во периодот на постменопауза. Menopausal Formula овозможува балансирање на хормонскиот систем кај жената.

Антиоксидантите присутни во овој производ го штитат организмот од слободните радикали, го зајакнуваат одговорот на имунолошкиот систем кон разни дегенеративни и малигни болести и го успоруваат процесот на стареење.

Минералите калциум, магнезиум, бор како и витаминот Д се од мошне големо значење бидејќи го обезбедуваат здравиот систем на коските и ја превенираат остеопорозата. Од клучно значење е и внесувањето на хром, манган и цинк кои се неопходни чувари на клетките. Антиоксидантните витамини А, Ц, Е, бета-каротинот и олигоелементот селен го заштитуваат организмот од појава на повеќе од 100 болести. Витамините А, Ц, Е и Б комплексот како и провитаминот бета-каротин учествуваат во одржување на еластичноста и квалитетот на кожата. Витамините од Б групата и посебно комбинацијата на витаминот Б6 и витаминот Ц синергистички засилено делуваат смирувачки на нервниот систем. Присутната фолна киселина делува превентивно од појава на канцери, анемија, ја подобрува работата на нервниот систем. Menopausal Formula е еден од ретките производи во облик на капсули кои содржат витамин Б12 во форма прифатлива за организмот.

Siberian Ginseng е билка која ја стимулира физичката и психичката активност, ја подобрува работата на хормонскиот, нервниот и вегетативниот нервен систем, претставува јак имуностимулатор, афродизијак. Женшенот го намалува кортизонското ниво и на тој начин го спречува стареењето. Тоа значи дека може да се користи во регулирањето на нискиот и високиот крвен притисок.

Dong Quai е позната како „врвно закрепнувачка билка за жените“. Таа содржи фитостероли кои го зголемуваат метаболизмот во матката и јајниците и затоа помага грчевите во матката да станат послаби и поретки, предменструалниот синдром, менопаузални проблеми (топли бранови, вагинална сувост и др.), респираторни проблеми, делува смирувачки на срцевите аритмии. Содржи и супстанции со антидијабетогено, антиалергично, имуностимулаторно, антитуморно делување. Поради големата содржина на железо (заедно со калциумот, два најдефицитарни минерали кај жената), поволно делува на превенцијата од појавата на анемија.

Black Cohoch Root е билка која се користи при мускулно скелетни проблеми (повреди, артритис, ревматични нарушувања). Таа е васкуларен и невролошки спазмолитик, има противвоспалителен ефект на матката, ги намалува менструалните болки. Помага кај синузити, астма, го намалува холестеролот, крвниот притисок, утринското гадење. Во Германија каде е направено и најголемото истражување на оваа билка, владата ја одобрила примената на ова растение во третманот на проблемите кај жената во менопауза. Има во себе изофлавони кои имаат естрогенски ефект. Заедно со витаминот Е и селенот помагаат во намалувањето на топлите бранови и ноќното потење.

Licorica Root е сладок корен кој се користи во традиционалната кинеска медицина повеќе од 3000 години како тоник, за подмладување на срцето, слезината, при третман на чир, настинки и кожни промени. Модерните билкари ја користат за регулирањето на концентрацијата на шеќерот во крвта, за прочистување на црниот дроб и жолчката. Состојката глициризин поседува антивирусна активност против вирусот на херпес зостер, симплекс, полио вирусот, ХИВ вирусот, делува антиканцерогено. Други состојки во ликорика покажуваат антидепресивно делување. Според некои автори има и прогестеронско и естрогенско дејство.

Field Horsetail кај нас е познат како Коњско опавче. Стимулира елиминација на течности и се користи во третманот на воспален мочен меур и бубрежни камења. Содржи доста силициум диоксид кој на косата и дава сјај, цврстина и ја регенерира, а поволно делува и на ноктите, коските и забите. Забрзува заздравување на коските и сврзното ткиво, зголемува апсорпција на калциум. Се користи во третманот на ревматизам, гихт.

Chasteberrsе е билка која има позитивен ефект на репродуктивните органи на жената. Се користи за лекување на цела низа проблеми во менопаузата и предменструалниот синдром. Таа претставува регулатор на сексуалните хормони.

Blessed Thistle е билка која поседува исклучителни квалитети на природен тоник. Го регулира репродуктивниот систем на жената и ги намалува менструалните грчеви. Билката го подобрува апетитот, варењето на храната, општиот крвоток и крвоснабдувањето на мозокот како резултат на што се подобруваат менталните процеси. Се користи и во третманот на акните.

Menopausal Formula се користи 3×3 таблети дневно после оброци. Истражувањата велат дека повеќекратното земање во текот на денот, резултира со подобра искористеност на нутритиентите за оптимално здравје. Пожелно е да се зема редовно најмалку 30 – 60 дена за да се воспостави рамнотежа со природните процеси во Вашето тело.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑