Витамин Е – што е тоа?

Е-витаминот (алфатокоферол) игра многу важна улога во размената на материите особено на белковините, јаглехидратите и мастите. Голема важност има и во зачувувањето на телесната рамнотежа на водата и солта. Особено е важен во периодот на закрепнување, кога силно ја зголемува регенеративната способност на клетките.

Витаминот Е е многу силен антиоксиданс, и под неговата заштита се подобрува искористувањето и делувањето на витаминот А.

Важно е да се напомни дека организмот е способен подолго да ги сочува резервите на природниот витамин Е. Овој витамин мошне поволно влијае на нервниот систем, ја подмладува кожата и косата, поволно влијае на сексуалната моќ и способност (освен тоа го поттикнува излачувањето на мочта и го намалува крвниот притисок).

Особено се истакнува улогата на витаминот Е како антиоксиданс во заштита од слободните радикали. Лекарите-специјалисти за заболувања на срцето и крвните садови дошле до сознание дека Е витаминот даден пред или после нападот на АНГИНОЗНИ болки, може да го сочува и заштити срцевиот мускул од понатамошно оштетување и да го забрза закрепнувањето на болните после хируршкиот зафат на срцевите крвни садови. Исто така се знае дека делува мошне поволно на некои белодробни болести, ефикасно помага на болните од Паркинсовото заболување, и го спречува грчењето на мускулите. Може да помогне и при спонтаниот абортус односно може да се применува како превентива за спречување на истото.

Неопходен е за изградбата на мускулната маса. На бодибилдерите им се препорачува да го земаат во големи количества, бидејќи ја подобрува ефикасноста на мускулите, го успорува заморот на мускулите. Од истите причини мошне е полезен и за другите спортисти.

Внимание: Кај лицата со висок крвен притисок, дозата на Е витаминот треба постепено да се покачува. Неорганските соли на железото можат во потполност да го уништат делувањето на Е витаминот. Затоа земањето на Е витаминот и земањето на препаратите кои содржат железо мора да се оддели со период од најмалку 8 часа. Железо во облик на хелати може да се дава со витаминот Е. Лицата кои пијат хлорирана вода имаат поголема потреба од Е витамин.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑