
Дали сакате Вашите пријатели да знаат повеќе за Calivita? Дали сакате тие да учествуваат во разговор со Вас за искуствата со производите? Дали сакате да одат со Вас на деловна презентација или деловен настан?
Доколку тоа го посакувате значи дека треба да ги поканите на овие настани! Многу луѓе се плашат од упатување покани, но ако продолжите да ја читате оваа статија, ќе Ви стане јасно зошто не треба да се плашите.
Прво, да видиме која е целта на поканата! Знаеме дека сакате личноста што ќе ја поканите на презентација да биде Ваш регистриран член или сериозен деловен партнер во иднина. Но, ако очекувате толку големи резултати од поканата, можеби ќе се чувствувате под стрес.
Треба да знаете дека целта на поканата не е ништо повеќе од закажување состанок! За да ги информирате Вашите пријатели за Calivita и Вашиот бизнис, треба да контактирате со нив. Значи, потребен Ви е термин! А целта е да се поврзете, што е можно поскоро, со што повеќе луѓе од Вашата листа со имиња. Но, внимавајте, не се однесувајте како ловец!
Дури и Ерик Воре, со 32-годишно работно искуство, вели дека ако им пристапите на Вашите потенцијални клиенти како ловец, тие ќе побегнат.
Така, тој ги проучувал стратегиите на навистина успешните луѓе и открил дека наместо да бидат ловци, тие се однесуваат повеќе како земјоделци. Тие градат врски, создаваат пријателства и знаат како да стекнат доверба. На овој начин, тие можат убедливо да го пренесат своето верување во производите и бизнисот.
„Мојот свет се промени кога почнав да се фокусирам на вештините и се обврзав да вежбам, вежбам и вежбам сè додека не ги совладам“. – Ерик Воре
На почетокот, сè што треба да им кажете на клиентите што нудите и тие да одлучат дали се заинтересирани. Дејствувајте како советници, а во зависност од перспективите и ситуацијата на поединецот, упатете ја поканата.
На овој начин можете ефективно да побарате од некого да прелистува каталог или да присуствува на презентација со Вас. Во денешно време, дури и не мора да го напуштите Вашиот дом за првата презентација.
Онлајн деловната презентација е добра можност да се разбуди интересот на оние кои се помалку подвижни. Но, најголемата моќ сепак лежи во лична презентација или во инфо вечер како деловен настан!
Затоа, искористете ги предностите на секој онлајн и традиционален настан организиран од компанијата и потпирајќи се на нив, самоуверено поканете ги Вашите потенцијални клиенти! Не плашете се, поканата е само за закажување!

Напишете коментар