Calivita бал 2024

Неспорно, најелегантниот настан на нашата компанија, calivita балот, беше организиран повторно во 2024 година. Без разлика што последните три години не се одржуваше, се појавија голем број на успешни поединци. Сите беа поканети да ни се придружат во живописната српска престолнина, на 23 март, да ја поминеме големата вечер заедно. На наше големо задоволство, ги имаше во голем број!

Вратите на луксузниот хотел Hyatt Regency во прекрасниот Белград, на големиот ден, се отворија пред нашите почитувани гости во 17.30 часот. На самата средба на влезот, нашите срца почнаа да чукаат заедно во хармонија со волшебните мелодии наменети да нè воведат во претстојното извонредно искуство. Ново пристигнатите, пиејќи го својот шампањ за добредојде, полни со возбуда, најпрво ја имаа привилегијата да бидат поканети да се фотографираат со претседателот Џери Харгитаи и неговата прекрасна сопруга Дора.

По специјалната можност за фотографирање, на нашите учесници им беше дозволен влез во прекрасната сала за балови, каде што требаше да започне официјалната програма. Настанот беше отворен со најсензационалното танцово шоу што сме го виделе. Звуците на благодарност стивнаа по спектаклот и дојде редот на нашиот претседател- основач свечено да ја отвори вечерта и да им посака добредојде на учесниците. Најуспешните од минатата година беа првите кои што беа поканети да му се придружат на Џери Харгитаи на сцената за да им се честита и да ги добијат картите за учевство во прекрасното крстарење по Медитеранот, подарок кој што си го заслужиле. После првиот круг на признанија, сите нѐ замолија да седнеме на Гала вечерата. Благодарение на вештините на нашите локални домаќини, уживавме во највкусните јадења придружени со највкусните вина. Навистина незаборавни креации и фасцинантни вкусови во комбинација музика во живо што е вообичаено за заедницата Calivita во вакви прилики. По вечерата, имавме привилегија да ја слушнеме најфантастичната изведба на виолина на сите времиња, а потоа следеа нашите добитници на награди. Овојпат тоа беа оние кои постигнаа нови менаџерски нивоа, а специјални награди добија нашите Топ менаџери кои се истакнаа со своите најдобри резултати.

Серијата награди беше крунисана со церемонијата на доделување на наградите Златна палма, која конечно ги виде на сцената нашите најнови менаџери на Златната палма: Нора Ракоци и д-р Чонгор Ракоци, кои Џери ги награди со заслужената значка и златен прстен! Прославата потоа продолжи со музика во живо, бендот свиреше и нашите гости весело танцуваа до утринските часови. Сите заминаа среќни и задоволни од добро завршената работа и од наградите за постигнатите резултати. Веруваме дека сите долго ќе го паметите прекрасниот спомен од оваа блескава вечер!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑