
Наскоро на мрежата доаѓаат три нови производи. ако имате потреба да го подобрите Вашиот нервен систем или Вашите коски и мускули или пак да го зголемите нивото на енергија, овие три нови производи можат да бидат совршен избор за да го зачувате Вашето здравје. Прочитајте за да дознаете повеќе за нив.
Нов тренд!
Бројот на луѓе кои страдаат од различни хронични болести, различни видови на нетолеранција и чувствителност, низа дигестивни проблеми и проблеми со апсорпцијата, драстично се зголеми во последните неколку години. Ова ги направи потрошувачите да бидат уште посвесни и повнимателни за тоа што внесуваат во својот организам и што не треба да внесуваат и навистина сè поголем е бројот на тие што избегнуваат вештачки конзерванси, бои и ароми.
Производителите реагираа на овој растечки тренд на здравствено свесно однесување и свесност за животната средина и ги адаптираа своите производи на промената на побарувачката за „почисти“ препарати, ставајќи се повеќе и повеќе акцент на минимизирање на адитивите.
Calivita беше меѓу првите кои ја препознаа оваа промена во побарувачката на потрошувачите и поради тоа сме многу горди. Токму во таа насока ги дизајниравме нашите органски производи и органскиот асортиман на козметички производи, како и нашите #boostUp, Purest Sea Essence, Epsom Detox Caps, GlamUp Pure, RiseUp Pure, а сега една од нашите најнови новитети е Liver Detox. За сите нови производи за прв пат ќе дознаете во ова издание.

„Чисти“ рецепти
Задоволство ни е да Ви објавиме дека горната листа ја надополнивме уште со три нови производи: Pure B Complex+, Pure Ca+Mg Plus и Pure Energy B12. Заедничка карактеристика на овие нови производи е тоа што сите се исклучително чисти. При нивното производство употребата на дополнителни средства, без разлика што се од природно потекло, е ограничена на минимум. Овие производи не содржат никакви вештачки адитиви, конзерванси, бои, ароми или ГМО. Тие доаѓаат во растителни капсули,тоа ги прави погодни за консумирање за вегетаријанци и за вегани. Мораме да кажеме дека навистина сме многу среќни што во палетата на производи на Calivita има се повеќе чисти производи. Да продолжиме да ги разгледаме овие новитети подетално.

Pure B Complex+
Pure B Complex+ е нашиот најнов производ што содржи комплекс на Б витамини. Овој производ не само што ги содржи осумте основни витамини од групата Б, туку и целиот спектар на Б семејството! Покрај тоа, тој е надополнет со специјален микс од овошје и зеленчук и уште повеќе зајакнат со антиоксидансот коензим Q10. Pure B Complex+ содржи варијанти на соединенија кои лесно се апсорбираат, како што се витамин Б12 метил-кобаламин, витамин Б6 пиридоксал-5-фосфат и витамин Б9 калциум-l-метилфолат (со други зборови, фолна киселина). На овој начин, витамините полесно се апсорбираат и побрзо даваат ефект.

Го штити нервниот систем
Членовите на семејството Б витамини се неопходни за здравото функционирање на нервниот систем, а исто така и за метаболичките процеси во телото, како и за здрава кожа, коса и нокти. Тие играат витална улога во производството на енергија, помагаат да се справите со стресот и ја зголемуваат меморијата и концентрацијата. Тие исто така се важни за производството на црвени крвни зрнца, за здравјето на кардиоваскуларниот систем и хормонскиот систем, па дури и за одржување на здравото ниво на шеќер во крвта. Недостатокот на Б витамини, од друга страна, доведува до замор, раздразливост и слаба апсорпција на хранливи материи.

За кого е наменет овој производ?
Земањето Pure B Complex+ е посебно препорачливо на оние кои се изложени на зголемен физички или ментален стрес, како и на идните мајки и мајките кои дојат, бидејќи сите тие имаат потреба од поголем внес на Б витамини. Исто така е корисен за вегетаријанците и веганите, ако редовно консумирате алкохол и ако земате лекови кои ја попречуваат апсорпцијата на витамините Б (на пример, антациди-лекови кои го намалуваат нивото на киселина во желудникот). Во такви случаи, Вие сте повеќе изложени на ризик од недостаток на витамин Б.

Pure Ca+Mg Plus
Pure Ca+Mg Plus е името на нашиот сосема нов производ наменет за ефикасна поддршка за Вашиот скелетен систем од неколку различни аспекти. За да го постигне тоа овој уникатен производ содржи активни супстанции кои потекнуваат од природни извори, од растенија. Калциумот и магнезиумот ги надополнивме со витамините Д3 и К2, органски микроелементи бор, манган и цинк, а за уште подобри резултати додадовме и органски екстракт од црешата ацерола и екстракт од коњска опашка, исто така од природно потекло. Уште една работа што го прави овој производ навистина посебен е фактот што калциумот и магнезиумот се во форма на аквамин, природно, лесно апсорбирачко соединение, кое се добива од морската вода и морски алги. Ова гарантира брзо и лесно искористување на овие важни минерали од телото, а со тоа и постигнување на оптимален ефект.Pure Ca+Mg Plus е името на нашиот сосема нов производ наменет за ефикасна поддршка за Вашиот скелетен систем од неколку различни аспекти. За да го постигне тоа овој уникатен производ содржи активни супстанции кои потекнуваат од природни извори, од растенија. Калциумот и магнезиумот ги надополнивме со витамините Д3 и К2, органски микроелементи бор, манган и цинк, а за уште подобри резултати додадовме и органски екстракт од црешата ацерола и екстракт од коњска опашка, исто така од природно потекло. Уште една работа што го прави овој производ навистина посебен е фактот што калциумот и магнезиумот се во форма на аквамин, природно, лесно апсорбирачко соединение, кое се добива од морската вода и морски алги. Ова гарантира брзо и лесно искористување на овие важни минерали од телото, а со тоа и постигнување на оптимален ефект.

Силни коски и мускули
Активните состојки на Pure Ca+Mg Plus ќе Ви помогнат да ги одржите Вашите коски и заби здрави, а истовремено ќе овозможат и нормалното функционирање на Вашите мускули. Овој производ особено Ви го препорачуваме ако сте вегетаријанец или веган, бидејќи таквата исхрана може да доведе до недостаток на калциум и магнезиум. Исто така ако избегнувате млечни производи од која било причина или пак сте чувствителни на лактоза, Pure Ca+Mg Plus ќе биде многу корисна поддршка за Вашиот организам. Дали редовно пиете кафе? Или често консумирате црн чај? Или можеби сакате газирани пијалаци со содржина на фосфорна киселина … Ако Вашиот одговор на едно од овие прашања е потврден, овој производ ќе биде подеднакво корисен за Вас бидејќи овие пијалаци се добро познати по тоа што го исфрлаат калциумот и магнезиумот од телото. Pure Ca+Mg Plus од Calivita се препорачува да го земаат и бремени жени кои можат да го користат за да го поддржат развојот на коските кај детето, а притоа да го заштитат здравјето на сопствените заби. Овој производ е подеднакво корисен и за млади и за стари и за средновечни потрошувачи за кои е посебно важен бидејќи може да спречи настанување на остеопороза.

Pure Energy B12
Ова е третиот во низата на нашите најнови новитети: се вика Pure Energy B12. Овој препарат содржи голема доза на витамин Б12 во биоактивна форма, метил-кобаламин, која исто така и лесно се апсорбира. Покрај главната активна супстанција, овој наш производ содржи и органска спирулина, чии антиоксидантни и антиинфламаторни својства го штитат нервниот систем и Ве енергизираат, помагајќи да се надмине менталниот и физичкиот замор, истовремено зголемувајќи го ефектот на витаминот Б12. Овој витамин можете да го користите како дополнителен извор на енергија секогаш кога имате потреба.
Твојот извор на енергија
Витаминот Б12 игра витална улога во нормалното функционирање на нервниот систем и за зачувување на здравјето на мозокот. Иако ја намалува веројатноста од појава на проблеми со нервниот систем, тој е исто така корисен за регенерацијата на нервните клетки. Во исто време, витаминот Б12 учествува во производството на црвените крвни зрнца. Неговиот недостаток може да резултира со замор, анемија и други хематолошки нарушувања. Неодамна, наодите од истражувањето му припишуваат дури и аналгетски (т.е. ублажување на болката) ефект, додека неговата редовна консумација може да помогне да се намали ризикот од мозочен удар или тромбоза.
Во кои случаеви треба да се земе овој производ?
Особено е важно да го надополнувате овој витамин доколку сте веган или вегетаријанец, со оглед на фактот дека ваквата исхрана може да предизвика недостаток на витамин Б12. Исто така, може да бидете изложени на поголем ризик од недостаток на овој витамин ако земате одредени лекови (на пример, регулаторот на гликозата во крвта метформин или лекови кои ја намалуваат желудочната киселина) кои ја попречуваат апсорпцијата на овој витамин. Недостаток од овој витамин може да се случи ако страдате од воспалителна болест на цревата бидејќи е отежната апсорпцијата. Со право можеме да кажеме дека витаминот Б12 игра важна улога во намалувањето на заморот, Ве исполнува со енергија, а истовремено Ви го подобрува и фокусот. Имајќи ги предвид овие придобивки можете на го користите овој производ секогаш кога сте физички и/или ментално под стрес или кога сте преоптоварени.
Како што можете да видите, овие најнови додатоци во исхраната од нашата палета на производи нудат сеопфатно решение и Ве поддржуваат да водите здрав начин на живот. Тие го зголемуваат ниво на Вашата енергија, придонесуваат за нормално функционирање на Вашиот нервен систем, производство на црвени крвни зрнца и придонесуваат за здравјето на Вашите коски и мускули. Како што видовте овие нови производи содржат состојки кои се природни и лесно се апсорбираат, а не содржат никакви вештачки адитиви. Како такви, претставуваат идеален избор за сите оние луѓе кои се борат со нетолеранција и чувствителност или страдаат од проблеми со варењето и/или малапсорпцијата. Можеме безбедно да ги препорачаме и на вегетаријанците и на веганите, а навистина и на секој поединец кој свесно се грижи да остане здрав и нормално да функционира.



Напишете коментар