Нови Calivita апликации

Изберете ги наједноставните решенија

Удобно, едноставно, брзо и ефикасно, ова се предностите на користење на апликација на calivita. Во овој момент Calivita ви овозможува да користите две апликации! што се однесува до производите, сè е на едно место, сè можете да најдете во апликацијата Calivita vitamins & more.
Ако пак се работи за бизнис, наједноставниот, најлесниот и најсигурниот начин е да ја користите апликацијата Calivita business & more.

Aпликација – Calivita Vitamins & More

Сигурно дека сте биле во ситуација да имате потреба брзо и лесно да испратите информации за некој производ до потенцијалниот клиент. Или пак сте пропуштиле промоција затоа што немате време да ја читате Вашата е-пошта или пак не сте ги прелистале страниците на социјалните мрежи неколку дена. Апликацијата Calivita Vitamins & More не само што Ви дава огромна помош полесно да ги понудите производите, туку можете да ги видите деталите за Вашето претходно купување. Исто така ова е многу вредна алатка за градење бизнис бидејќи можете да споделувате информации за производот со секого, во секое време. Производите ќе бидат прикажани веднаш на Вашиот myshop и кога заинтересираното лице ќе купи, тоа дефинитивно ќе Ви ја зголеми продажбата! Со оваа апликација може да создадете своја персонализирана визит-картичка која можете да ја споделите со нов познаник во секое време, каде било! Оваа апликација Ви нуди и најлесен начин ако сакате да регистрирате нови членови, дури и кога седите покрај базен. Никогаш нема да пропуштите промоција бидејќи оваа апликација ќе Ви испрати навреме порака за секоја важна информација! Така, дури и ако не читате е-пошта за време на Вашиот одмор, нема да ја пропуштите промоцијата на Вашите омилени производи!

Апликациja – Calivita Business & More

Вашето деловно напредување е полесно од било кога со апликацијата Calivita Business & More. Оваа апликација како виртуелен асистент, ќе работи за Вас и ќе Ве потсетува во тек во секое време, на кое било место, дури и за време на празници. Ќе имате информации во реално време на дофат на раката, со кои можете да ги мотивирате Вашите нови членови или да контактирате за кратко време со целата Ваша група или дури и со целата Ваша линија! Со оваа апликација, имате едноставен и транспарентен интерфејс за структурата на целиот Ваш бизнис, така што можете лесно да ги најдете клучните луѓе и да го прегледате овој интерфејс за членовите од различни гледишта. Благодарение на корисните информации што ги добивате, можете подобро да ја мотивирате Вашата група и да бидете еден од првите што ќе им честитате на членовите за нивните достигнувања, било да е тоа Fast Track или пак други бонуси. Можете лесно и едноставно да контактирате со оние членови кои некое време не покажале некоја значајна активност. Кој не би сакал ваква деловна помош 24/7? Користете ги дадените QR кодови за да ги инсталирате апликациите, користете ги секој ден за да напредува Вашиот бизнис!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑