Верување и доследност – патот кон слободата

Во современиот бизнис свет, каде што динамиката континуирано се менува и кога способноста за приспособување e многу важен фактор, концептот на Share маркетинг ја открива својата убавина и јачина и станува се повеќе препознатлив како несекојдневна бизнис и животна прилика. Таа со себе носи неограничени можности за раст, учење и откривање на сопствени нови вредности. На почетокот, кога некој ќе ја прифати оваа прилика, првата работа која го води е надежта. Надежта ќе Ве води до успешен бизнис модел, до група на континуирани соработници и пријатели, до патувања на егзотични места … Таа ги води луѓето во полето на работа, но верувањето е тоа кое ќе ги задржи. Затоа многу е важно, на самиот почеток да се има цврсто верување во тоа што се работи. Верувањето треба да се заснова на лични искуства, бидејќи од нив произлегува стабилноста. Верувањето е важно за самата стабилност! Но што е потребни да се прескокне таа замислена линија, самата надеж да премине со верба и Вашите соработници да станат тимски играчи? Тука треба да се напомнат неколку елементи, кои не мора да бидат вештини, но кои Ви служат да станете добри лидери за пример, но и да умеете да ја зачувате вербата кај Вашите соработници.

Без разлика дали знаете да возите или не, Ферари е секогаш импресивен автомобил, додека пак Гварнерлиевата виолина чини повеќе милиони евра без разлика дали знаете да свирите на неа или не. Е тука Share маркетингот доаѓа како еден од најдобрите начини за заработка, со најниско вложување, но најголем потенцијал на заработка, со најдобра логистичка поддршка, а притоа бизнис план кој е достапен за секого, во секое време. Ставот е комбинација во тоа што верувате, што работите, колку имате самодоверба и најважно – самодовербата која ја пренесувате кон останатите во Вашата околина. Разликата е голема доколку на некого му приоѓате со став – ќе пробам, ќе дадам шанса, се надевам дека нема да бидам одбиен иии пак ако приоѓате со енергија – ќе го направам тоа, на кого уште можам да му ја претставам оваа единствена можност? Кога Вашата желба за успех ќе биде обземена од вашата верба тогаш можете да очекувате и позитивен резултат.

Со своите идни соработници може да се сретнеме во секакви секојдневни ситуации. Но секако сите знаеме дека првиот впечаток е најважен. Вашиот стил на облекување, начинот на говор и комуникација, како се однесувате кон другите, сликата која Вашиот тим ја стекнал за Вас, Вашиот личен бренд како во живо така и на социјалните мрежи, игра многу значајна улога во Вашиот напредок. Дали е тоа слика на лидер? Дали делувате како личност со доверба или пак сомнеж? Дали делувате како професионалец?

Кажано е дека успехот започнува со првото присуство на една од поголемите манифестации кои ги организира Компанијата. Семинар, конференција, инфо вечер … сите три се организирани со цел едукација и оддавање на признание, но ова е вистинското место да се изостри фокусот и да се зајакне вербата во Компанијата, во производите и во системот. Ако сакате да станете лидер во својата струка и сакате да видите раст во Вашата линија, треба да сте секогаш присутни на овие настани не само за Вас туку и за Вашата линија. Тука може последно да им помогнете на оние кои не се гледаат себе како успешни, да ја преминат линијата на вербата и да почнат да се надеваат за подобра иднина. Секогаш потрудете се да донесете доволно луѓе, со кои ќе наметнете култура во Вашата линија, со која настаните ќе имаат приоритет за нивни раст и развој.

Со цел брз и правилен раст на Вашата линија, потребно е да се изгради правилен начин на размислување, а за тоа пак неопходно е да се даде време и простор истото да се случи. Секогаш кажуваме дека нашата работа е едноставна но сепак не е лесна, сите препреки треба да се гледаат како скалила во напредокот и развојот, додека пак неуспесите да се доживуваат како искуства кои ќе ве доведат поблиску до успехот. Затоа е потребно да се издвои доволно време, да се искористат сите алатки кои Ви се достапни, да одржувате завидно позитивно размислување и да ги насочите Вашите мисли, зборови и дела кон остварување на целите, секој ден, свесно и фокусирано.

Клучен фактор во овој бизнис модел, а за многумина и еден од најголемите предизвици е дистракцијата од надворешни влијанија. За да го задржите правецот на својот пат, пред сè потребни Ви се ефикасни секојдневни навики, а не само големи цели. Ако има една најбитна работа, за да останете доследни, најпотребно е да имате јасна слика што треба да направите и каде треба да стигнете! Зошто го правите тоа што го правите? Бидејќи доколку не сте сигурни во себе или својата цел, тогаш немате поврзаност ниту ќе имате успех.

Не е сеедно дали на оваа бизнис можност ќе и дадете „уште една шанса“, или ќе посветите 15+ часови седмично на активна работа – контакти со нови соработници, покани, презентации, помош на веќе сигурни членови за нивен успех. Исто така имајте на ум дека е потребно одредено време да се најдат Вашите клучни членови, да изградите успешна линија и да почнете да заработувате сериозни пасивни исплати.

Најуспешните лидери на големи тимови го користат сите овие елементи во својата работа – некогаш свесно, но со време веќе и интуитивно. Искрено размислете и направете мала анализа како Вие се снаоѓате со сè што е погоре напишано, дали некаде имате место нешто да промените или надградите, бидејќи во многу примери се покажало дека сите овие точки имаат големо влијание на Вашиот успех во работата или животот. Исто така имаат влијание и во зајакнување на Вашата лидерска улога а со самото тоа и помагаат во градење на цврста верба кај Вашите соработници во Вашата линија.

Ева Парокаи

Calivita Академија – Тренер

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑