
Дали се наоѓате во ситуација кога треба да отворите безброј мејлови, додека истовремено треба да се јавите да честитате некој роденден, а воедно и да ги платите заостанатите сметки? Дали чувствувате дека треба да одговорите на милион предизвици во текот на денот, а немате енергија?
Има повеќе фактори кои влијаат на тоа колку ефективно ќе функционираме во текот на денот. Постојат неколку природни начини на подобрување на мозочната функција: секако дека е важно со што го „храниме“, но тоа не влијае на нашите брзи реакции. Во продолжение Ви нудиме 9 + 1 совет како да бидете во топ ментална форма:
- Спијте доволно!
Доколку не спиеме доволно ќе се чувствуваме уморни и нашиот мозок нема да работи ефективно. Од друга страна, ноќниот сон е значаен за да се зачуваат новите знаења кои сме ги стекнале во текот на претходниот ден. Затоа потрудете се да спиете по минимум 7-8 часа во текот на ноќта! - Избегнувајте стрес!
Добро е познато дека стресот го попречува нормалното размислување и влијае на донесувањето одлуки. Затоа треба да се обидувате да ги избегнете стресните ситуации и да се релаксирате! - Вежбајте!
Редовното вежбање не влијае само на физичката кондиција, туку и на менталниот перформанс. Доколку малку се движите, помалку кислород и хранливи состојки ќе стигнат до мозокот. Доколку не можете да отидете во теретана, барем станете неколку минути додека работите и пробајте да се раздвижите! - Концентрација!
Колку повеќе се фокусирате, толку ќе биде подобар Вашиот ментален перформанс. За да одржите добра концентрација, елиминирајте ги сите дистракции и создадете мирни услови за работа! - Пишувајте забелешки!
Пишувајте кратки и јасни забелешки за нештата кои сакате да ги запаметите. Така ќе ослободите место за други информации во Вашиот ум. - Земете одмор!
Одморот обично се заборава поради стресот и временските рамки, иако на нашиот ум му е потребен редовен одмор. Во недостаток на одмор, интелектуалните способности се намалуваат. - Одржете ја функционалноста на Вашиот мозок!
Мозочната функција треба да се одржува не само во секојдневните активности во младоста, туку и во повозрасни години. Крстозбори, мемориски игри, учење на јазици и други активности помагаат во одржување на свежината на менталните функции. - Пијте вода!
Нашиот мозок може да функционира со максимален капацитет само доколку соодветно се хидрираме. Понекогаш е доволна чаша вода за да се врати свежината. Не чекајте да почувствувате жед, пијте чаша вода на секој час! - Јадете соодветно!
За да бидете во топ ментална форма, треба да внимавате и на исхраната. Важно е да имате балансирана разновидна диета со многу овошје, зеленчук и растителни влакна!
+ 1. Одберете природен суплемент за подобра мозочна функција!
Некои се обидуваат да ја одржат свежината со повеќе кафе во текот на денот, други пак употребуваат различни стимуланси. Сепак треба да се внимава какви состојки се внесуваат секојдневно. За среќа, природната аптека нуди ефективни решенија.


Напишете коментар