Purest Sea Essence – најчистата морска спирулина на Calivita!

Среќни сме да Ве информираме дека новиот производ на Calivita, Purest Sea Essence, обновената верзија на Spirulina Max, пристигна. Во новиот производ, количината на алгата остана непроменета: 500 мг во една таблета. Во исто време, ќе бидете задоволни кога ќе дознаете дека алгата со сите корисни состојки што ги содржи во себе, сега доаѓа целосно чиста, без никакви адитиви!

Сведоци сте дека постојано напорно работиме за да ги направиме нашите производи постепено и што е можно „почисти“. Ова го правиме со цел да го ослободиме Вашиот организам од внесување на адитиви секогаш кога тоа е можно. Друга причина зошто ги правиме нашите производи сè почисти е тоа што сакаме да Ви понудиме оптимално решение ако случајно се борите со некаква чувствителност или нетолеранција. Исто така, решивме да го означиме ова со ставање на иконата „чисто“ на етикетите на сите такви специјални производи за да можете полесно да ги идентификувате.

Кога станува збор за новата Purest Sea Essence, навистина немате за што да се грижите. Едноставно тоа е чист производ, содржи само чистата алга и ништо друго. Тоа е всушност и причината што новите таблети ќе бидат малку помали отколку што беа порано. Што се однесува до предностите на новата формула, со задоволство можеме да споделиме со Вас дека таа е целосно веган и не содржи никакви алергени, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), ниту пак глутен, млечни производи, јајца, соја, јаткасти плодови, риба, сулфур-диоксид или сулфити.

Дали знаевте дека алгата спирулина е одличен извор на хранливи материи? Тоа го откриле народите во Азија многу одамна и го консумирале како дел од нивната секојдневна исхрана. Богата е со протеини. Таа всушност ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Освен тоа, таа е одличен природен извор на минерали, различни витамини Б, па дури и каротеноиди. Сè на сè, оваа алга позитивно влијае на работата на целото тело! Но, нејзината единствена најпопуларна карактеристика е можеби нејзината моќна алкалност. Ако сте еден од нас кои страдаат од високи нивоа на желудочна киселина, или едноставно консумирате многу храна што го закиселува телото, тогаш овој производ треба секогаш да биде дел од Вашата аптека. Овој производ ќе Ви помогне да ја вратите Вашата pH рамнотежа во нормала. Таа ќе Ви помогне да го ослободите Вашето тело од акумулираните токсини (вклучувајќи тешки метали), а со тоа, исто така, го намалува високиот холестерол и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи.

Дали сте користеле Spirulina Max до сега? Без сомнение ќе бидете задоволни со овој одличен нов производ. Ако до сега не сте го пробале овој производ, ова е дефинитивно идеално време за тоа! Посетите ја нашата веб-продавница сега и снабдете се со производот Purest Sea Essence уште денес!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑