
Вишокот на килограми можеби за сите не претставува естетски проблем, но потребно е да знаеме дека претставува ризик фактор за многу болести: висок холестерол, висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес и др. За постигнување на посакуваната телесна тежина покрај промена на начинот на исхрана и физичката активност потребно е да одберете и квалитетни додатоци во исхраната кои нема да имаат несакани ефекти врз Вашето здравје. За таа цел Calivita ви предлага два уникатни, природни и докажани производи кои ќе ви ја олеснат борбата со вишокот на килограми.

Trimex е уникатниот производ на пазарот за диета и слабеење кој функционира на три начина:
- го намалува апетитот
- го детоксифицира црниот дроб и дигестивниот систем
- го забрзува метаболизмот и врши согорување на мастите (термогенеза)
Тримекс содржи комплекс од аминокиселини, минерали манган, хром и ванадиум, алое вера, хидроксицитрат (HCK – растителен екстракт од гарцинија камбоџа), масло од семки од грејпфрут, екстракт од зелен чај и масло од јаглика.
Овој производ содржи 14 аминокиселини кои влијаат на забрзување на размената на материите, намалување на масните наслаги, зголемување на производството на енергија, чистење на црниот дроб и на целиот организам од токсините и штетниот амонијак, што се создава како нуспојава на нецелосното разградување на протеини. Истовремено го зачувуваат и зајакнуваат мускулното ткиво со што се постигнува слабеење без губење на мускулното ткиво и неговиот тонус.
Тајната на успешното слабеење со Тримекс е во правилно поставената комбинација на состојки
Синергизмот на состојките придонесува за намалување на формирањето на масни киселини од гликозата во масното ткиво (за околу 80%), намалување на апетитот и олеснување на екстракцијата на масните киселини од масното ткиво.

Откако ќе престане претворањето на јаглехидратите во масти, телото се ослободува од преостанатите јаглехидрати од оброкот така што ги согорува во топлина
Ванадиумот и хромот ја елиминираат потребата од постојано и често грицкање помеѓу оброците, што е една од главните причини за зголемување на телесната тежина.
Со Trimex многу е полесно да се изгуби телесната тежина, складираните телесни масти, да се регулира апетитот и да се зајакне ефикасноста на црниот дроб со отстранување на штетните материи.
Тримекс обично се зема неколку часа по последниот оброк или пред спиење, па популарно се вели дека делува додека ние – спиеме! Може да се зема неколку пати на ден, на пример час или два по ручекот.
За најдобар ефект, овој ноќен согорувач на калории идеално е да се користи во комбинација со Slim Formula – дневен активатор на метаболизмот. Состојките кои се содржат во Slim Formula му овозможуваат на телото да го забрза метаболизмот, да ја подобри циркулацијата на дигестивниот систем, ја зголемуваат активноста на дигестивните ензими и го помагаат функционирањето на црниот дроб.




Напишете коментар