
Кога се случува повремено благиот запек можеби не изгледа премногу отежнувачки ниту за Вашето тело ниту за Вашето расположение. Но, всушност, оваа состојба не е толку едноставна, оваа секојдневна непријатност го отежнува животот на милиони луѓе ширум светот. Последиците можат да одат многу подалеку од едноставната физичка непријатност, со која повеќето од нас се запознаени бидејќи влијае на квалитетот на животот! Се поставува прашањето: Што можете да преземете против тоа?

Бројката на засегнати е сè поголема!
Секој трет човек над 60-годишна возраст пати од констипација., секојдневниот живот на секој трет човек е под влијание на запек. Меѓутоа оваа непријатна состојба не е ограничена само на постарите лица. Впрочем, повеќе од 15% од возрасната популација исто така страдаат од тоа од ден на ден. * Причината за тоа се многу работи: стресен и брз начин на живот, променети навики во исхраната вклучувајќи го и фактот дека повеќето од нас консумираат премалку течности, недостаток на вежбање па дури и различните лекови кои луѓето ги користат.
Во сенка на запек
Оваа навидум невина состојба не е ни приближно толку безопасна во реалноста како што мислите. Дали знаевте, на пример, дека запекот може да доведе до главоболки, замор, па дури и намалена работоспособност на луѓето кои страдаат од него? Токсичните материи акумулирани во нашите тела може да ја ослабат одбраната на телото и да ве изложат на поголем ризик од инфекција. Покрај физичката непријатност како вообичаен придружник на запекот, може да доживеете и фрустрација, вознемиреност, па дури и срам, што може да ја наруши Вашата самодоверба и на крајот да доведе до севкупно полош квалитет на живот!

4 столба на здрав начин на живот
Што може да направите за да го избегнете? Можеби звучи како шаблон, но навистина треба да обрнете повеќе внимание на четирите столба на здрав начин на живот: јадете здрава исхрана, пијте повеќе течност, вежбајте редовно; и трудете се да управувате со стресот!
- Јадете мали порции пет пати на ден. Обидете се да избегнувате преработени и ултра-обработени (готови за јадење) производи! Погрижете се да практикувате диета богата со растителни влакна, вклучувајќи многу овошје и зеленчук, бидејќи сето тоа е од помош за редовно празнење на дебелото црево.
- Пијте многу течности секој ден, но избегнувате слатки и газирани пијалаци и наместо тоа дајте и предност на водата и чаеви од билки. Имајте на ум дека добрата хидратација помага да се омекне столицата.
- Направете дневна рутина за вежбање малку по малку, постепено. Верувале или не, прошетката само 30 минути дневно прави вистинска разлика! Не заборавајте дека редовното вежбање има врска и со редовното празнење на дебелото црево.
- Научете техники за релаксација, како јога или медитација. Тие ќе ви помогнат да се справите со насобраниот стрес и да ја нормализирате функцијата на цревата.
Доколку сметате дека некои практични совети може да ви бидат од помош, дозволете да ви ги претставиме нашите капсули за детоксикација Epsom!
Придобивките од солта Епсом
Epsom Detox Caps од Calivita содржи чист магнезиум-сулфатна сол во вид на капсули. Делува на едноставен и природен начин: солта ја апсорбира течноста, со тоа се зголемува волуменот на столицата, што пак го стимулира движењето на дебелото црево. Ова, инаку, е нежен начин на стимулација. Овој производ се препорачува на сите оние кои сакаат да направат диета за детоксикација или друг вид програма за чистење. Магнезиум-сулфатната сол помага во чистење на цревниот тракт и ослободување на телото од токсини! Со тоа ќе се подобри и апсорпцијата на сважните хранливи материи.

Чиста сол на магнезиум во капсули
Само по себе, солта Епсом не е ништо ново. Таа е одамна позната. Сепак, многу луѓе избегнуваат да го користат поради непријатниот вкус. Тоа е причината поради која решивме да го спакуваме во капсули. Самата капсула е на растителна основа и може да ја консумираат вегетаријанци, но и вегани. Производот исто така е без ГМО и не содржи воопшто вештачки адитиви, конзерванси, бои или ароми. Се потпира само на моќта на чистата магнезиум-сулфатна сол!
Epsom Detox Caps е сигурна работа: не двоумете се да употребите една капсула кога ќе почувствувате потреба!
Shine on – пролет 2024

Напишете коментар