
Летниот камп на Calivita, најпосетуваниот меѓународен настан на нашата компанија, се организира по 21-ви пат ова лето. Со задоволство ќе ги пречекаме сите наши сегашни и идни членови во кампот во Лошињ, Хрватска, помеѓу 21 и 26 јуни 2024 година. Бидете дел од оваа незаборавна авантура!

Нашите меѓународни гости имаат заеднички интереси и се дружат како членови на едно исто семејство. Овој 5-дневен празник е најживописниот семеен настан во животот на нашата заедница. Јасно е дека летниот камп не смее да се пропушти. Тоа е златна можност да ги наполните батериите во друштво на познати лица, да ги споделите Вашите искуства, да ги прославите Вашите успеси, а исто така да разговарате и да ги надминете сите потенцијални препреки… или едноставно да си поминете одлично, да уживате во чудата што ова неверојатно место ги нуди и да се опуштите во добро друштво. Треба да знаете дека ова е вистинското место каде што гарантирано ќе добиете одговор на сите Ваши прашања. Дали сте заинтересирани да дознаете повеќе за универзумот Calivita? Ако сте заинтересирани придружете ни се во Летниот камп оваа година!


Избравме сосема нов амбиент за нашата претстојна петдневна програма во 2024 година: Vitality Hotel Punta во живописниот Вели Лошињ е несомнено место за лекување и негување и на телото и на душата! Благодарение на извонредната локација на самиот брег на Јадранското Море, пријатната клима и богатата вегетација, ова место ќе ви понуди ништо помалку од возбудливо искуство. Опкружен со вековна борова шума и опремен со луксузен велнес центар, Vitality Hotel Punta ги импресионира посетителите со својот елегантен модерен дизајн. Оаза на природна хармонија и здрав начин на живеење, тој обезбедува навистина посебно празнично искуство во комбинација со возбудлива висока гастрономија.


Богатата програмата ќе биде исполнета со настани што ви се веќе добро познати, со сето она што сте го сакале во изминатите Летни кампови, но и со долга листа на нови идеи и изненадувања што ќе го направат Вашиот престој навистина прекрасен и незаборавен. Во согласност со нашите најдобри традиции, фантастичните тематски забави дефинитивно ќе се најдат на менито. Но, крајниот успех на настаните, како и секогаш, ќе зависи од Вашето активно учество!


Дали веќе се регистриравте? Ако не сте, не се двоумите. Мора да знаете дека ова патување е наменето за вас! Вашето место е тука, меѓу стотиците членови на Calivita кои се собираат на настан што не треба да се пропушти: незаборавен одмор исполнет со богат избор на различни програми. Дојдете и уживајте во животот, во друштво на пријателите на брегот на азурниот Јадран! Искористете ја можноста и направете чекор напред кон Вашата иднина додека пиете вкусен коктел во опуштено, извонредно опкружување! Како и секогаш треба да знаете дека ние се грижиме за сè што треба. Сè што треба Вие да направите е да дојдете и да уживате во искуството!

За повеќе информации, за деталната програма и за тоа како да аплицирате, посетете ја веб-страницата на Calivita.

Напишете коментар