Најчиста морска спирулина: Моќна алкализирачка моќ на чистата алга спирулина

Големиот број на пронајдоци во денешно време ни помагаат да завршиме многу работи побрзо и полесно и да живееме подобар и полесен живот. Но, она што може да функционира добро во некои области не мора да значи дека е точно за сè. Да ја земеме за пример исхраната: она што е најбрзо не е секогаш и најдобро!

Мала хранлива вредност, непотребни адитиви

Синџирите за брза храна, за жал, сè уште се многу популарни. Пред извесно време, едно истражување во САД покажа дека 36,6 отсто од Американците всушност јаделе некој вид брза храна во рок од 24 часа пред да бидат интервјуирани. Многу од овие оброци се преполни со она што го нарекуваме „празни калории“. Тие се особено богати со масти, шеќер и нездрави адитиви, а имаат ниска хранлива вредност. Прекумерното консумирање брза храна очигледно е главен фактор за дебелината, проблемите со срцето и другите хронични здравствени состојби, кои се во пораст.

Кога зборуваме за кисела диета, мислиме на прекумерна потрошувачка на преработена храна, високи количини на шеќер и многу протеини од животинско потекло, сето тоа го нарушува pH балансот на Вашето тело. Киселинско/базната нерамнотежа со текот на времето може да стане „плодна почва“ за воспаленија и дигестивни проблеми, па дури и да ја ослабне имунолошката функција. Многу е жално, но не е случајно, што во последно време има сè поголем број на луѓе кои страдаат од различни видови на нетолеранција и широк спектар на алергии.

Минатото и иднината на алгите

Алгата спирулина не е ниту нова, ниту скапа мода за детоксикација. Напротив, тоа е природна и едноставна алатка која постои долго време, позната и користена од многу луѓе и која лесно можете да ја вклучите во Вашата секојдневна исхрана. Се смета дека првпат била користена и одгледувана од народот на Ацтеките кои ја нарекувале „tecuitlatl“. Познато е дека Ацтеките ги собрале алгите од големата лагуа, од нив правеле концентрат, а потоа со концентратот правеле колачи со вкус на сирење.

Интересно е дека имаше планови и шпекулации за потенцијалната употреба на алгата Спирулина за целите на идните мисии на екипаж на Марс. Тоа е затоа што Спирулина е високо хранлив извор на храна кој лесно се одгледува. Како таква, се смета дека е многу корисна опција за користење за мисии во вселената, каде што одржливоста на храната е навистина од витално значење. Според сето ова алгата Спирулина се користела во минатото, но таа е предодредена да игра улога и во иднина. Прашањето е: Дали можеме да ги уживаме нејзините придобивки секојдневно без разлика на возратка?

Придобивките од алгата Спирулина

Како што истакнавме, алгата Спирулина е несомнено одличен извор на хранливи материи. Богата е со протеини, витамини од групата Б, минерали и каротеноиди, а ги содржи и сите есенцијални аминокиселини. Има извонредна алкализирачка моќ и помага во обновувањето на pH рамнотежата на закиселено тело. Како таква може да биде исклучително корисна за луѓето кои консумираат прекумерни количини на храна што предизвикува закиселување на организмот или кои страдаат од проблеми со желудочната киселина. Освен тоа, алгата помага и за ослободување од телото од токсини и тешки метали! Спирулина алгата помага и при нетолеранција на храна и алергии, го намалува воспалението во телото и има позитивен ефект врз нивото на антиоксиданти во телото. Исто така придонесува за кардиоваскуларното здравје со тоа што позитивно влијае на холестеролот во крвта, крвниот притисок и нивото на липиди во крвта. Може да има и корисен ефект врз одржување на телесната тежина бидејќи помага да се регулира апетитот.

Чиста алга во таблети

Сега гледате зошто алгата Спирулина е толку скапоцена и зошто се смета за толку вредна хранлива материја. Сега знаете зошто треба да ја користите. Ако сакате најлесно да ја вклучите во Вашата исхрана проверете го најновото решение што го разработивме за вас: Purest Sea Essence од Calivita содржи чиста Спирулина алга и без никакви адитиви. Овој сосема нов производ е природно без какви било алергени (т.е. глутен, млеко и млечни производи, како и јајца, соја, јаткасти плодови, риба, сулфур-диоксид и сулфати). Покрај тоа, тој е исто така е вегански производ и без ГМО (генетски модифицирани организми).

Снабдени со алгата подготвени сте да продолжите со Вашата програма за детоксикација!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑