
Луксузно СПА искуство во удобноста на Вашиот дом!
Редовниот пилинг за Вашата кожа е исто толку важен колку што е важно доброто, темелно четкање на забите. Ако често го прескокнувате пилингот ќе видите дека мртвите клетки на кожата почнуваат да се натрупуваат правејќи ја Вашата кожа да изгледа погруба и нерамна. Сега Ви е јасно зошто пилингот е толку важен. Но, многу е важно да го направите вистинскиот избор. Сигурно сте слушнале дека активните состојки што се користат во пилингот за тело можат да навлезат подлабоко во кожата отколку што мислите. Затоа, од клучно значење е да изберете чиста формула без хемикалии за да ја одржите Вашата кожа здрава, цврста и блескава.
Вистинско време е да дознаете повеќе за нашиот пилинг за тело OrganiCare Body Scrub. Овој органски производ за пилинг на Calivita Ви нуди прекрасно искуство 4 во 1: покрај детоксикација, хидратација и ревитализација на Вашата кожа, ќе бидете пријатно изненадени дека дури и ќе Ви го подобри расположението!

Длабоко чистење и детоксикација
Микронизираните, ситно мелени листови од маслиново дрво и оризовите трици во овој одличен производ најпрво и даваат темелен пилинг на Вашата кожа, длабинско чистење и детоксикација.

Хидратантна и ревитализирачка
Како следен чекор, скапоцените активни состојки (алое вера, шеа путер, маслиново масло и хијалуронска киселина) се надоврзуваат и почнуваат да прават чуда! Тие веднаш ја навлажнуваат, омекнуваат и смируваат Вашата кожа, правејќи ја сјајна и енергична – со други зборови, полна со живот!
Зголемување на расположението
Како што веројатно веќе сте забележиле, ако добро, темелно го исчистите целото тело, не само што ќе имате пријатно чувство на Вашата кожа, туку ќе почувствувате комплетно уживање и релаксација благодарение на неверојатниот медитерански мирис на лаванда и портокал, кои ќе Ве расположат, ќе ви дадат енергија и ќе Ви помогнат да ги наполните батериите. Со органскиот пилинг за тело OrganiCare на Calivita, очекувајте да уживате во целокупното искуство со СПА ароматерапија во удобноста на Вашиот дом!

Висока чистота
Нашиот пилинг за тело OrganiCare е направен од вредни активни состојки на лековити растенија добиени од органско земјоделство. Не содржи парабени, триклосан, алуминиум или нафтени деривати или канцерогени материи. Уште повеќе, речиси 100% од ексципиенсите што се користат во производствениот процес се исто така од природно потекло. Собирањето на билките се одвива традиционално-рачно и целиот процес на производство е внимателно контролиран и надгледуван.

Накратко, третирањето на Вашата кожа со редовен пилинг ќе ја одржи цврста, младешка и свежа. На овој начин нејзиното обновувањето и регенерација ќе бидат континуирани. Па зошто да не си го дозволите задоволство да се опуштите и да уживате во ова луксузно спа искуство? Може да сметате на сите придовики што ќе Ви ги пружи нашиот пилинг за тело OrganiCare.
Нашата палета на производи OrganiCare штотуку е обновена! Дали сте пробале некој од другите членови на ова извонредно семејство на органски производи? Гелот за туширање, шампонот и регенераторот се со збогатен состав и променета амбалажа. Сега вклучуваат неколку прекрасни нови состојки: масло од арган, масло од семки од калинка и екстракт од морски ким. Сигурно ќе Ви се допадне свежиот и исклучителен, елегантен, медитерански мирис кој е подеднакво добар избор и за мажи и за жени. Сè на сè, овие производи ветуваат совршен начин на нега и релаксација!


Напишете коментар