Живејте здрав живот со користење на алгите во исхраната!

Каква е Вашата дневна исхрана во еден просечен работен ден? Подобро да не кажувате доколку секојдневно земете хамбургер и кока-кола во место за брза храна или пак внесувате некои готови или полу-преработени производи подготвени во микро, бидејќи немате време да готвите соодветно јадење дури и кога сте дома. Ако тоа најчесто го правите, дали некогаш Ви паднало на памет да ја разгледате листата на состојки што ја содржи оваа храна? Штом ќе обрнете внимание на тоа и ќе откриете повеќе работи коишто не сте ги знаеле, ќе почнете да размислувате поинаку.

Сите ние во денешно време живееме динамичен начин на живот и затоа повеќето од нас постојано се во потрага по работи што се брзи и лесни – што е можно побрзо и што е можно поедноставно. Така не водиме сметка за големите количини од непотребни адитиви со кои го оптоваруваме нашето тело. Се разбира, не се работи само за храната што ја јадеме. Тука спаѓаат детергентите и козметичките производи што секојдневно ги ставаме на нашата кожа, тутунот што некои од нас го пушат, горивото, адитивите што ги користиме, сите тие содржат различни тешки метали. Исто така, тешките метали се присутни во нашите води, во воздухот и во почвата … Дали некогаш сте си го поставиле прашањето зошто сè повеќе луѓе околу вас развиваат нетолеранција кон некоја храна или страдаат од симптоми на алергија? Или која е причината поради која се појавуваат толку многу производи за детоксикација и меѓу нас кружат совети и искуства како да се справиме со тие проблеми и да го детоксицираме нашето тело? Користењето алги можеби не звучи премногу фенси денес, барем во споредба со многуте скапи методи што се појавија во изобилство. Но, токму тука лежи неговата моќ: во фактот што нè враќа назад до нашите корени! Алгата е едноставна, природна и здрава, тоа е мало чудо што е познато и користено уште од пред многу векови.

Се прашувате зошто е тоа така и зошто е толку омилен производ? Едноставно, одличен е за телото, затоа што е одличен извор на хранливи материи. Пред сè, таа е богата со протеини, витамини од Б групата, минерали и каротеноиди, потоа ги содржи и сите есенцијални аминокиселини и што е многу важно алгата Spirulina е ефикасен алкализатор, кој може да помогне во воспоставувањето на PH рамнотежата на закиселеното тело. Тоа е доволна причина за да ни биде омилен избор. Исто така таа е исклучително корисен производ за оние кои имаат навика да консумираат многу закиселена храна (оние кои јадат многу месо или уживаат да пијат газирани пијалаци или се соочуваат со проблеми со желудочната киселина). Покрај алкализирачкиот ефект, алгата има и моќ да помогне да се ослободи телото од токсини (на пример тешки метали). Да наведеме само еден пример, истражувањето спроведено во Индија покажа дека содржината на арсен во косата е намалена за дури 47,1% по консумирањето на алгата спирулина за само 4 недели! Треба да знаете дека колку помалку токсини има во Вашиот организам, толку е подобра неговата способност да ги апсорбира потребните хранливи материи.

Алгата спирулина Ви помага во борбата против алергиите бидејќи има антиинфламаторно дејство (го намалува воспалението во телото), односно има позитивен ефект врз нивото на антиоксиданти во телото. Покрај ова нуди уште низа други придобивки: има корисен ефект врз крвниот притисок, врз нивото на холестерол и липиди во крвта, а со тоа придонесува за кардиоваскуларното здравје, игра улога и во зачувувањето на здрава телесна тежина преку потенцијално регулирање на апетитот.

Доколку не сте биле свесни за нејзините повеќекратни придобивки, сега знаете зошто оваа хранлива алга е толку ценета. Ако ги сакате сите овие придобивки брзо и лесно вистински избор е нашиот сосема нов производ Purest Sea Essence кој ни пристигнува наскоро, кој е додаток во исхраната и во себе содржи само чиста алга спирулина. Purest Sea Essence од Calivita е природен производ, без никакви адитиви, без какви било алергени (не содржи глутен, млеко или млечни производи, јајца, соја, јаткасти плодови, риба, сулфур диоксид или сулфити), исто така е вегански и без ГМО.

Двојно намалете ја Вашата детокс диета со само една доза!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑