
Започнуваме да чекориме во 2024 година и како што се вели: „Нова година, нов почеток и бесконечни можности!“ Што очекувате во оваа календарска година? Каква улога сакате да има Calivita во оваа година? Дали веќе имате поставено конкретни цели?
Од 1 јануари имаме 365 дена за да можеме секојдневно ги направиме работите што ги посакуваме, да ги направивме навреме за да ги постигнеме нашите цели. Во врска со Вашата работа со Calivita, треба да знаете дека и ако работите самостојно, никогаш не сте сами! Тоа значи дека ќе ја добиете целата поддршка и помош што Ви е потребна за да имате континуиран деловен успех во текот на целата година.
Создадете вредност! Основата на стабилен деловен однос е довербата. Обидете се да изградите навика секој ден да контактирате по 3 деловни партнери или потенцијални клиенти. Бидете секогаш полни си информации, изградете добар однос со Вашите клиенти и помогнете му на секој лично.
„На колку повеќе луѓе помагате, толку повеќе профит ќе имате. … Направете нешто за да им помогнете на луѓето за да ги приближите кон нивните најголеми соништа, бидејќи тие наскоро ќе Ви помогнат да се приближите до Вашите соништа“. – Робин Шарма, експерт за лидерство и писател.
Направете нешто секој ден за остварување на Вашите долгорочни цели! Основата на ова е кредибилитетот. Живејте го живот така што Вашите клиенти ќе видат дека не само што ги знаете производите на Calivita, туку и ги сакате и ги консумирате, за да можете да се потпрете на личното искуство кога препорачувате производ. Доколку се воведе нов производ, вие како ментор треба прво да го пробате, а потоа да разговарате за него со Вашите деловни партнери за да се зголеми знаењето што го стекнувате преку лично искуство!
Запознавајте нови луѓе! Како свесен деловен партнер, треба да се стремите да запознаете што е можно повеќе нови луѓе! Вашата листа со имиња треба континуирано да расте за никогаш да не останете без можности, а новите контакти можат да ви донесат деловни резултати коко што не сте замислувале. Fast Track* исто така дополнително Ве мотивира да ја проширите Вашата група, затоа искористете ја оваа можност секогаш кога можете!
Забавете за да забрзате. Најдобрите бизнисмени имаат неверојатна способност да се фокусираат на најважното, а за да го направат тоа мора да знаат како да забават. Многумина од нив посветуваат 30 минути дневно на планирање, анализа и визуализација. Ова придонесува за да може да дејствувате соодветно во оние ситуации кои ќе Ви донесат најголеми резултати.
Блескајте, градете го Вашиот бизнис и не заборавајте: „Ова е Нова година. Нов почеток и работите ќе се променат“. – Пејачка Тејлор Свифт, луѓе на годината – 2023 – магазин Тајм

Напишете коментар