
Новата година е тука, а со тоа и нови надежи и очекувања. Кои се Вашите очекувања? Без сомнение ќе бидете среќни бидејќи сме подготвиле многу одлични новитети за да ги исполниме Вашите најголеми надежи!
Можеби веќе сте го пробале нашиот HerbAid+ (достапен е од крајот на минатата година), но во случај да не сте, тоа е нешто што дефинитивно треба да го направите во 2024 година! HerbAid+ е нашата врвна, уникатна есенција произведена во Швајцарија со најголема грижа. Со моќта на 53 лековити растителни состојки кои ги содржи овој производ може да Ви понуди решение за голем број различни проблеми од вообичаени повреди во домаќинството преку разни проблеми со кожата до нега на убавина. Верувајте дека овој производ е 100% чист и природен: тој во себе не содржи апсолутно никакви хемиски или синтетички супстанции, боја, мирис, арома или друг додаток.
Ова посебно го нагласуваме бидејќи, почнувајќи од оваа година, решени сме да посветиме уште поголемо внимание на тоа нашите производи да ги претвориме во уште „почисти“. Можеби сте забележале дека веќе сме замениле некои од нив со нови, и ќе продолжиме по тој пат – без адитиви секогаш кога тоа е можно. Исто така продолжуваме и со проширување на нашата палета на производи со цел да имате голем избор ако случајно се работи за некаква нетолеранција или чувствителност.
Од почетокот на 2024 година, можете да ја користите обновената верзија на Spirulina Max: новата Purest Sea Essence која е вегански производ, без никакви адитиви и алергени. Што значи ова во пракса? Тоа значи дека иако овој најнов производ содржи непроменета количина на спирулина алга, ја содржи само чистата спирулина алга и ништо друго освен неа!
Дали некогаш сте слушнале за солта Epsom? Всушност, можеби веќе некои од Вас ја користеле. Но, можеби си рекле само еднаш и „никогаш повеќе“. Сега ќе имате шанса да уживате само во нејзините благодати, без да го чувствувате непријатниот вкус. Тоа е затоа што оваа корисната сол ја спакувавме во капсули со апсолутно неутрален вкус: Epsom Detox Caps од Calivita, се вегански капсули кои ќе помогнат да се стимулира движењето на дебелото црево на природен и нежен начин доколку е потребно. Можете да ги користите за таа цел по потреба или како дел од програмата за детоксикација. Овој производ не содржи вештачки адитиви (конзерванси, бои или ароми). Се темели само на природната моќ на чистата магнезиум-сулфатна сол. Овој производ ни пристигнува наскоро!


Напишете коментар