Што значи за Вас крајот на годината?

Се ближи крајот на календарската 2023 година, од деловна гледна точка тоа значи дека добро би било да се навратиме на резултатите од претходните месеци. Доколку немате докажан метод за тоа, треба да ги земете предвид следните гледишта.

Оваа евалуација има две цели, едната е да ви покаже до кој степен до сега сте ги постигнале Вашите цели, а втората е да обезбеди добра основа за поставување на Вашите цели во иднина.

Погледнете наназад на Вашите достигнувања, разгледајте ги предизвиците со кои требаше да се соочите, полето на коешто сакате да се подобрите и Вашите планови за иднината.

Нашиот живот се состои од повеќе важни области, но во оваа статија разговараме само за областа на share marketing.

Погледнете ги Вашите резултати! Анализите на Network Profiler* даваат добра основа за тоа, но месечните извештаи што може да се преземат во CV Bonus** даваат јасна слика за тоа колку сте заработиле со Вашиот дел од share marketing бизнисот.

Секогаш мерете ги Вашите резултати со себе, бидејќи „Најголемото достигнување е да се надминете себеси“. – Денис Вејтли, мотивациски говорник и писател

Во платниот систем на Calivita можете да заработите повеќе пари не само со зголемување на Вашиот основен бонус, туку имате можност на повеќекратно зголемување на бонуси. Во оваа, 2023 година, стартуваше системот за мултипликатор на бонус Fast Track***. Дали ја искористивте таа можност? Кои се Вашите планови за следната година, како ќе остварите право на Fast Track bonus? Fast Track е она што не можете да го изоставите ниту во сумирање на резултатите, ниту во поставувањето на Вашите цели!

Треба да размислите и со какви предизвици требаше да се соочите, бидејќи тие имаа големо влијание врз постигнување на Вашите резултати и да размислите што би требало да направите за да ги надминете тешкотиите.

Бидете сто проценти искрени кога ќе дефинирате што сакате да постигнете како и вештини што сакате да ги подобрите. Вие поставувате сопствена стратегија за градење share marketing бизнис и го приспособувате процентот на тоа како сакате да го градите Вашиот бизнис, на традиционален начин или онлајн.

Доколку ги користите социјалните медиуми за градење на Вашиот бизнис, тогаш објавувајте ги резултатите што сте ги постигнале со цел да го зајакнете Вашиот бизнис и да ги мотивирате Вашите деловни партнери!

„Не чекајте да ја постигнете целта за да бидете горди на себе. Бидете горди на секој чекор што го правите“. – Карен Салмансон, најпродавана авторка

Искрено оценете ја оваа година и поставете ги Вашите цели според неа! Calivita ќе Ве поддржи до крај!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑