
Навистина фантастична недела на Канарските Острови
За да ги награди за одлично постигнатите резултати во 2022 година, Calivita ги покани своите најуспешни менаџери заедно да поминат незаборавна недела на прекрасните Канарски острови. Нашите заслужни менаџери во октомври 2023 година се спакуваа и заминаа на прекрасната локација за да уживаат во својата заслужена награда којашто е плод на нивното извонредно достигнување и напорна работа.





Недопрената природа со својот волшебен изглед, прекрасни плажи, вулкански пејзажи, историски локации, првокласна гастрономија … земниот рај на Канарските Острови им ги понуди сите свои убавини на нашите гости, да се восхитуваат, да уживаат, да ги наполнат батериите, а потоа да се вратат дома целосно освежени и ревитализирани. Нашите учесници можеа да уживаат цела недела во целосна релаксација, нова инспирација и славење на нашето заедништво.
Хотелот Lopesan Meloneras се покажа одличен избор, совршен дом за нашите луѓе! Со фасцинантен поглед, удобност, феноменална храна и освежувачка атмосфера, местото ни обезбеди идеален амбиент за разговори и консултации по кои сите копнеевме. Прекрасно место за пријатни собири и вкусни вечери во одлично друштво. Сè на сè, се препуштивме на седум дена луксузно уживање, слободно и далеку од предизвиците на нашето секојдневие. Покрај прекрасната околина нашите најдобри спомени беа инспирирани од одличното време што го поминавме заедно, заедничките моменти на смеа и искуствата од прва рака, меѓусебната поддршка и афирмација.




Семинарот за успех во 2023 година е уште еден доказ дека нашите врски, нашите односи во Calivita го надминуваат строго професионалното. Уште еднаш докажа дека нашиот тим е многу повеќе од една обична посветена и трудољубива функционална деловна заедница. Всушност, тоа е повеќе од едно тесно поврзано семејство! Заедничката посветеност на членовите на семејството Calivita ја прават нашата организација посилна, а овие квалитети ни овозможуваат да растеме уште побрзо и поуспешно секоја година.
По прекрасната недела во која уживавме на бреговите на сончевите Канарски Острови се збогувавме со островот и се вративме освежени и среќни, полни со спомени за цел живот. Искуствата што ги понесовме несомнено ќе ни помогнат на сите лесно и успешно да се соочиме со идните предизвици.
Додека заврши овогодишниот семинар за успех, не заборавајте дека оваа можност секогаш постои и е отворена за сите. Ако не успеавте да се квалификувате за ова конкретно патување, можеби ќе можете да го направите тоа за следната година! Зошто да не се приклучите на редовите на нашите менаџери со врвни остварувања и да почнете да се подготвувате за следното возбудливо патување? Како на пример за крстарење по Медитеранот, сосема нови авантури, во 2024 година?
Ако сметате дека можете да го постигнете тоа и сакате да се квалификувате за семинарот за успех во Calivita 2024 година, сè уште имате време да ги исполните критериумите до крајот на декември 2023 година. Звучи дека вреди да се вложи труд, нели? И запомнете не се работи само за признанието што ќе го добиете за Вашата напорна работа, туку Ве очекуваат и голем број прекрасни искуства од кои може да бидете дел и да Ви бидат инспирација во следните години!

Напишете коментар