Порака од директорот на Calivita Македонија

Почитувани членови, менаџери и колеги, како што започнува новата година, би сакал да одвојам момент за да Ви заблагодарам за Вашата напорна работа и посветеност. Ми беше чест и задоволство секој момент посветен и поминат со Вас. Благодарен сум за придонесот што несебично го дадовте во годината која измина, со што се отвори пат за нова, подобра визија во оваа нова 2024 година, а сите предизвици кои ќе ни дојдат да станат нови победи. Длабоко во себе верувам дека заедно можеме многу повеќе и истото го покажуваме и докажуваме веќе со години, градејќи ја оваа наша препознатлива заедница. Сите заедно имавме по некоја улога во големата слика, но секој посебно придонесе крајот на 2023 да биде со подобар резултат, а успехот кој ние е поставен како цел, да се слави како голема победа.

Во годината која изминува имавме стабилен бизнис план кој секој месец бележеше се подобри резултати. Како помош на тоа ни беа и новините кои ги имавме како од страна на системот, така и со зголемување на палетата на веќе препознатливи производи. Fast Track беше едно големо освежување за сите, но најмногу за сите оние кои се на пониски нивоа за да можат да го водат бенефитот од работата уште на самиот старт на градење на мрежа. Секако тука морам да го напомнам и Bonus Booster системот кој веќе подолго време дава фантастични резултати и е многу популарен кај градителите на мрежа.

Како што напомнав палетата на производи се збогати со уште неколку квалитетни производи. Тука на прво место мора да го спомнеме Gummy Kids, на голема радоста на родителите и децата, но не изостануваат и козметичките производи Organic Care Body Scrub, како и единствениот Organic Care Elixir. Наскоро очекувајте да ни пристигне и новиот дијамант во палетата а тоа е, производот за нега на кожа, составен од 57 лековити билки и изработен од веќе препознатливите швајцарски мајстори Herbal Aid. Со неговата најава продолживме да ги поместуваме границите и стандардите во областа на иновациите и еколошката свест кај нашите корисници.

Новина е и новиот и унифициран дизајн кој се појавува на сите платформи за комуникација кој исто така го отсликува создавањето и идејата на самата Компанија. Новото лого и новиот слоган „Shine on“ веќе на големо ја покажуваат својата младешка енергија и ги поместуваат границите на нашиот пристап како Компанија во реалниот и дигиталниот свет. Заедно со нив ги преземаме обврските за поголема општествена свест и одговорност, пронаоѓаме нови начини за зачувување на околината и се трудиме се повеќе да ги едуцираме едните генерации на корисници за вистинските вредности во животот.

Од срце Ви посакувам среќни празници, многу среќа, здравје, просперитет и исполнување на сите Ваши желби. Да имате повеќе дружби, повеќе смеа и повеќе храброст за сите Ваши сништа, големи или мали, да станат реалност …

Оваа година блеснете од радост и среќа … Среќни Новогодишни и Божиќни Празници

Ви посакуваат
Александар Апостолов
Управител на Мак-Фит дооел
И тимот на Calivita Македонија

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑