Нови производи од семејството OrganiCare

Без разлика дали се работи за нега на телото или за нега на лицето секогаш е важно да се внимава какви видови на супстанции доаѓаат во контакт со вашата кожа. Сигурно знаете дека кремите кои содржат премногу хемикалии може да го оштетат заштитниот слој на кожата и да се апсорбираат во вашата кожа. Како резултат на ова флеките или брчките што сакате да ги направите помалку видливи всушност стануваат повидливи.

Каде што ефективноста и органската чистота се среќаваат со медитеранскиот начин на живот

Сигурно сте сретнале козметички брендови кои содржат многу парфем. Повеќето од нив се полни со повеќе синтетички состојки, а што е најважно најчесто и не се покажуваат доволно ефикасни. Потоа, тука спаѓаат кремите и лосионите кои изгледаат доста пријатни за употреба, но и тие не даваат задоволителни резултати бидејќи содржат разни синтетички активни состојки. Значи, прашањето е: Дали е можно козметиката да биде ефективна, исклучително чиста и плус да ви создава чувство како секојдневно да се наоѓате во некој луксузен спа-центар? Со Calivita верувајте дека е можно! Такво чисто, сигурно решение е нашето семејство на органски козметички производи OrganiCare.

Билките што ги користиме во нашите производи OrganiCare се претежно, во повеќе од 95 проценти, со потекло од органско земјоделство. Ова не се однесува само за активните состојки на нашите креми и лосиони, туку и сите дополнителни средства што ги користиме во процесот на производство, се 100% од природно потекло! За нас чистотата во плантажите каде што се одгледуваат билките е многу важна така што тие не смеат да дојдат во контакт со никакви опасни материјали, како што се тешки метали или канцерогени супстанции, остатоци од лекови или пестициди. На тој начин, не само што Вашата кожа ќе биде заштитена од потенцијално штетни материи, туку можете да бидете сигурни дека штетни материи нема да завршат ниту во отпадните води и да ја загадат околината.

Зошто козметиката OrganiCare е толку ефикасна? Пред сè затоа што билките кои се користат за производство потекнуваат од органско земјоделство и како такви содржат поголеми количини на активни состојки. Уште еден факт е дека природните услови во кои се одгледуваат билките навистина играат улога во квалитетот на производите. Работиме напорно за да го зачуваме квалитетот на почвата и правиме огромни напори за да го зголемиме количеството на хранливи материи што циркулираат во неа. Исто така се потпираме на традиционалните методи на производство, тоа опфаќа рачна берба и обработка на суровините на ниски температури. Сите овие мерки заедно обезбедуваат висока содржина на активни состојки во нашите производи и гарантираат дека активните состојки кои се содржат во нашите лековити билки се целосно зачувани.

Мора да признаеме дека ние сме горди на нашите производи. Ние не сме пристрасни кога зборуваме за нивниот извонреден квалитет бидејќи имаме многу повратни информации кои го потврдуваат тоа. Вашите повратни информации го поддржуваат нашето мислење! Нашите новитети се сега достапни: пилингот за тело OrganiCare, новата луксузна формула за пилинг на Calivita и еликсирот OrganiCare, нашиот нов интензивен гел крем против стареење. Покрај нив, тука се и гелот за туширање OrganiCare и регенераторот за коса OrganiCare: обновени одвнатре и однадвор сега и двете достапни во нашата мрежа. Знаеме дека некои од Вас веќе ги пробале. Еве што имаа да кажат за нив:

„OrganiCare Bath & Shower е вистинско задоволство за туширање. Лесно се нанесува, делува освежувачки и зрачи со прилично долготраен мирис. Сè на сè, мислам дека ова е најдобриот гел за туширање досега во палетата на компанијата“.

Нора Ракоци (Nóra Rákóczi),, Унгарија

„Пилингот за тело OrganiCare има неверојатен мирис! Тој има дискретен пријатен мирис на нане, кој дава чувство насвежина, тоа е унисекс мирис, без ништо вештачко во него. Големината, обликот и конзистентноста на гранулите се совршени. Тие не гребат и обезбедуваат прекрасна масажа.
Дефинитивно можете да почувствувате, а речиси дури и да видите како се бришат мртвите клетки на кожата. Вашата кожа повторно дише, после неговото користење излегува освежена и евитализирана. Во меѓувреме, кремастата носачка супстанција ефикасно ја навлажнува Вашата кожа, така што дефинитивно нема да треба да користите лосион за тело после тоа бидејќи нема да сакате да го потиснете тој прекрасен мирис! Резултатот е свежа, здрава, рамномерно хидрирана и миризлива кожа, разгалена со извонредна самомасажа.“

Луциа Лоска (Lucia Lóska), Унгарија

„OrganiCare Bath & Shower отсекогаш беше еден од моите омилени производи, но сега едноставно
го обожавам! Мирисот му е збогатен и прави да се чувствувате уште почисто“.

Ласло Хусак (László Huszák), Унгарија

„Еликсирот OrganiCare е едноставно одличен за употреба. Благодарение на неговата конзистентност слична на гел, може брзо да се нанесе на лицето и лесно се распореди на кожата. Овој крем лесно се апсорбира во кожата, таа веднаш станува мека на допир со мат ефект. Брчките околу моите очите станаа помалку истакнати веднаш после првата употреба! Мојата кожа оживеа и се ревитализира. Едноставно ова ми се допаѓа“.

Софија Исток (Zsófia Istók), Унгарија

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑